Боровичене
Боровичене (бугарски: Боравѝчени) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Боровичене | |
---|---|
Координати: 41°25′N 23°1′E / 41.417° СГШ; 23.017° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 622 км2 (240 ми2) |
Надм. вис. | 388 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 58 |
• Густина | 0,093/км2 (0,24/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2884 |
Повик. бр. | 074204 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 км југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од 622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства.[1]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци.[2][4] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец.
Редовни настани
уредиРедовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.
Наводи
уреди- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 598-600.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
Надворешни врски
уреди- Слики од селото Архивирано на 12 ноември 2007 г.