Кашина
Кашина — село во Општина Свети Врач, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Кашина | |
---|---|
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија | |
Координати: 41°32′0″N 23°28′0″E / 41.53333° СГШ; 23.46667° ИГД | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Свети Врач |
Надм. вис. | 728 м |
Население (2011) | |
• Вкупно | 10 |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Поштенски код | 2820 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападните падини на Пирин Планина, на надморска височина од 728 метри. Оддалечено е 37 километри источно од Свети Врач и 40 километри североисточно од градот Петрич.
Историја
уредиЦрквата „Успение на Пресвета Богородица“ потекнува од првата половина на XIX век.[1]
Во XIX век селото е дел од Мелничката каза на Серскиот санџак во Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 180 жители, сите Македонци.[2][3]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кашина имало 256 Македонци, патријаршисти.[3][4]
Во почетокот на април 1905 година врховистите, предводени од капетанот Јордан Стојанов, започнуваат поход во Мелничко против Јане Сандански. Во ноќта помеѓу 6 и 7 април, врховистите заминуваат од селото Кашина и се упатуваат кон селото Ковачево, но пред полноќ наидуваат на неочекувана заседа, организирана од Јане Сандански. Во заседата учествувале четите на Сандански, Таската Серски, Атанас Тешовалијата, сѐ на сѐ околу седумдесет комити. Борбата се одликувала со необична жестина и во престрелката загинале седум врховисти, а шест биле ранети. Меѓу загинатите врховисти биле војводите Давитко, Партениев, потпоручникот Јанков и др., а капетанот Јордан Стојанов бил ранет и одвај се спасил, оставајќи околу четириесет врховисти во заробеништво. Другите се предале и биле разоружени.
Стопанство
уредиДемографија
уредиКашина е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле 10 жители, сите запишани како Бугари.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]
На табелата е прикажан бројот на населението во Кашина за периодот 1965-2011:[7]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 262 | 324 | 323 | 231 | 100 | 40 | 27 | 21 | 10 |
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2015 година, во Кашина имало 15 жители.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Димитар Кашалијата (1880 - 6 април 1905, Кашина) - македонски револуционер, серски војвода на Македонската револуционерна организација.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Енциклопедия Пирински край, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 425. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.192 – 193.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Стара Кресна, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 2018-02-04.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |