Белово (Пиринско)

село во Светиврачко, Пиринска Македонија

Беловосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Белово
Бельово
Црква „Св. Атанасиј“
Црква „Св. Атанасиј“
Белово is located in Бугарија
Белово
Белово
Местоположба во областа
Белово во рамките на Пиринска Македонија
Белово
Местоположба на Белово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°29′N 23°33′E / 41.483° СГШ; 23.550° ИГД / 41.483; 23.550
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна41.228 км2 (15,918 ми2)
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2015)
 • Вкупно4
 • Густина0/км2 (0,00.025/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2800
Повик. бр.0746

Географија и местоположба уреди

Белово се наоѓа на 40 километри југоисточно од градот Свети Врач. Сместено е на западните падини на Јужен Пирин на надморска височина од околу 700 метри. Селото е едно од најсеверните села во историско-географскиот регион Мрвачко. Климата е променливо средоземна со одредено планинско влијание. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 милиметри на м². Јужно, во близина на селото тече реката Белово. Атарот на селото зафаќа површина од 41.228 км2.

Историја уреди

Легенда за името уреди

Постојат различни народни преданија за потеклото на селото. Според една легенда, Бело се смета за првиот доселеник на сегашното село. Тој, облечен како невеста, го убил бегот на Мелник и ја спасува својата вереничка од него. Потоа тој побегнал на планината и го основал селото кое било крстено според неговото име. Друга легенда го споменува името на селото со присуството на варовник во околината. Така, овој бел градежен материјал го дал името на селото - Белово.

Антички период уреди

Територијата каде денес се наоѓа Белово била населена уште од античко време. Остатоци од античка населба има во месноста Двориште кое се наоѓа западно од селото. На подрачјето на Беловско Поле има и траги од доцната антика и средниот век на западниот дел од селото. Остатоци од населби што постоеле за време на антиката, средниот век и османлискиот период биле откриени западно од селото во областите Рамниште и Стражица, а источно, во пределот на Свети Илија. Во областа биле пронајдени надгробни споменици од 2 - 3 век од н.е. и плоча посветена на тракиски коњаник од 221 година.

Османлиско Царство уреди

Првите пишани извори за Белово биле во отоманските регистри од 1611 - 1617 и 1623 - 1625 година, во кои селото се споменува со 93 муслимански и 80 немуслимански домаќинства. Во XIX век, заедно со земјоделството и сточарството, се развивило и преработката на железна руда. Покрај Беловска река имало смокви. Рудата се набавувала главно од селата Караќој, Неврокопско и Крчово и Крушево, Демирхисарско. Како резултат на тоа, железото било преработувано во 2 - 3 работилници. Од железо биле изработувни мотики, потковици, лакови и слично. Истите биле продавани во градовите Валовишта, Сер и Солун. Во втората половина на 19 век, како резултат на интензивната конкуренција на западноевропската металургија на османлискиот пазар, повеќето занаети поврзани со производство на метал и обработка на метали се намалиле.

Во 1872 или 1873 година во селото била изградена црквата „Свети Атанасиј“, насликана од Милош Јаковлев[1][2].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белово (Biélovo) е село со 160 семејства и 550 Македонци[3][4].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Белово, по иста насока 1 час нешто од Голешево. Планинско место; главното занимање - одгледување добиток. Во црквата се чита бугарски. Има и училиште со 40 ученици. Куќи 120.[5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото 820 жители, сите Македонци[3][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 37 ученици[3][7].

Пред Балканските војни, селото било посетено од страна на Пејо Јаворов, кој учествувал во четата на ВМОРО. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, девет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[8].

Бугарија уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Населението во периодот од 1912 - 1918 г година главно се занимавало со земјоделство и сточарство. Во 1936 година била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на селото.

Население[3][9] уреди

Население на Белово по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 722 806 804 413 119 55 32 13 5 4
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Културни знаменитости уреди

Во Белово има две цркви - централната - Успение на Пресвета Богородица и постарата „Свети Атанасиј“, за кои мештаните сметаат дека е манастир. Успение на Пресвета Богородица била изградена во 1936 година на местото на еден постар храм и е една од најголемите во југозападна Бугарија. На територијата на селото има и неколку параклиси - Свети Димитар, Света Петка, Свети Костадин и Свети Илија.

Селото има многу примери на ренесансна архитектура, но во моментов голем дел од нив се веќе изгубени заради пустошењето на селото. Повеќето од зградите се типолошки под влијание Родопските куќи. Исто така, има неколку обновени кои се во приватна сопственост.

Во осумдесеттите години од минатиот век, делови од филмот „Мерка по мерка“ се снимале во селото Белово.

Црква „Св. Атанасиј“ уреди

Храмот Свети Атанасиј се наоѓа југозападно од селото во живописната област на остар рид опкружен со дол. Тоа е еднокорабна со камена конструкција. Храмот е прогласен за споменик на културата. Архитектонските одлики даваат причина да веруваме дека првично храмот бил користен како капела. Подоцна, на запад бил направен нартекс, а над него била подигната училишна зграда, која сега е уништена.

Зачувана е целата ренесансна декорација на црковниот ентериер - претежно фрескописи, како и обоен таван со ликот на Христос во централнниот дел. Фреските го покриваат целиот внатрешен простор на храмот. Над страничниот влез на храмот има комеморативен натпис, што означува дека сликата е дело на сликарот Милош Јаковлев[11][11].

Личности уреди

Родени

Наводи уреди

  1. Димитров, Владимир. Зографите от фамилията Бундовци (Минови) от Галичник и техните творби в България. Нов български университет, стр. 458. УДК. 75.052 – 05(497.7)
  2. Енциклопедия Пирински край. том 2, Благоевград, 1999, стр. 403.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138 – 139.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 853 – 854.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192 – 193.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829
  9. 9,0 9,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Белово, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  11. 11,0 11,1 Димитров, Вл. Стенната живопис в храма „Св. Атанасий“ в село Бельово, Мелнишко. – Во: Изкуство и контекст. Текстове от Четвърта младежка конференция. БАН, С., 2008, 258 – 265.
  12. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 25.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 27.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 19.
  15. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 102.