Јаворницасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во Општина Петрич на Благоевградската Област, Југозападна Бугарија.

Јаворница
Јаворница is located in Пиринска Македонија
Јаворница
Јаворница
Местоположба на Јаворница во Пиринска Македонија
Координати: 41°27′0″N 23°20′0″E / 41.45000° СГШ; 23.33333° ИГД / 41.45000; 23.33333
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна13.626 км2 (5,261 ми2)
Надм. вис.&10000000000000485000000485 м
Население (2015)
 • Вкупно854
 • Густина0,063/км2 (0,16/ми2)
Час. појасEET
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC)

Географија и местоположба

уреди
 
Јаворничкиот Водопад

Селото Јаворница се наоѓа на 14 километри западно од Петрич. Сместено е во подгорието на реката Јаворница. Реката го оградува селското земјиште на север. На југ на селото се крева стрмен наклон од Беласица, а ридското подножје на релјефот се спушта малку на север. Најниските делови на селото имаат надморска височина од 190 метри, а највисоките се наоѓаат веднаш до планината на 500 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 13.626 км2. Соседните села се Камена и Клуч. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 750 мм. Почвите се претежно делвијално-ливадани. 1,5 км јужно од селото се наоѓа Јаворничкиот Водопад, до кој се стигнува преку обележана патека.

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Во околината и во самото село биле пронајдени археолошки остатоци од антиката и средниот век. На подрачјето на Грка чука, северно од селото, се наоѓа тракиска гробница или некропола од доцното железо доба и антиката[1].

Османлиско Царство

уреди

Првите жители на селото биле Македонци. Ова се гледа од фактот што дури и по падот на Македонија под османлиска власт, Турците ги користеле словенските имиња на месностите околу селото. Такви се Балабаница, Садината, Куманица, Виниште. Нема прецизни податоци за изгледот на населбата. Се претпоставува дека датира од десет столетија. Селото се наоѓало на истото место по доаѓањето на Османлиите. Единствено словенското соседство се преселило од исток кон запад, каде денес се наоѓа центарот на селото.

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година. Во истата година, во селото живееле 131 христијански и 16 муслимански семејства[2].

Селото било со мешано население во текот на 19 век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јаворовица (Yavorovitza) се состоела од 63 куќи од кои 75 жители муслимани и 100 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 350 жители, од кои 230 Турци и 120 Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 македонски патријаршисти и гркомани[6].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По 1912 година, во селото се населиле жители од Гега и Кукурахцево. Денес селото е дел од Општина Петрич и има околу 350 домаќинства.

Културни и природни знаменитости

уреди
  • Црква Св. Петка “
  • Црква Св. Свети Кирил и Методиј “
  • Капела „Св. Благовештение "
  • Месџид во џамискиот одбор на Јаворница

Редовни настани

уреди

Традиционалниот селски празник е на 24 мај. На 24 мај, на селскиот плоштад се одржуваат традиционални борби од најистакнатите борци во областа. Редовно се слават и муслиманските празници на Рамазан бајрам и Курбан бајрам.

Култура и спорт

уреди
  • Основно училиште „Дедо Иљо Војвода“, затворено во 2013 г.
  • Читалиште „Антон Попов“
  • Стадион Јаворница

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Енциклопедия Пирински край“. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 448.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 608 – 611
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 149.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186 – 187.