Кукурахцево

село во Петричко, Пиринска Македонија

Кукурахцевосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кукурахцево
Поглед на Кукурахцево
Поглед на Кукурахцево
Кукурахцево is located in Бугарија
Кукурахцево
Кукурахцево
Местоположба во областа
Кукурахцево во рамките на Пиринска Македонија
Кукурахцево
Местоположба на Кукурахцево во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°28′N 23°00′E / 41.467° СГШ; 23.000° ИГД / 41.467; 23.000
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна8.942 км2 (3,453 ми2)
Надм. вис.&10000000000000663000000663 м
Население (2015)
 • Вкупно49
 • Густина0,0.055/км2 (0,014/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2882

Географија и местоположба

уреди

Селото Кукурахцево се наоѓа на 30 километри северозападно од Петрич. Селото се наоѓа на надморска висина од 663 метри, во планински регион на планината Огражден, во подножјето на Муратов Врв. Атарот на селото зафаќа површина од 8.942 км2. Луѓето од областа се земјоделци и претежно одгледуваат компири и тутун, како и во сточарството. Со секоја измината година, населението се намалува и повеќе заради лошата инфраструктура.

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Селото било основано непосредно по падот на Македонија под османлиска власт од страна на двајца браќа бегалци од градот Кукуш, денес во Грција. Според легендата, двајцата браќа имале многу убава сестра која била киднапирана и убиена од турски војници. Браќата се одмаздиле за неа, но Турците почнале да ги бркаат, бегајќи од Кукуш и наоѓајќи покритие во област во близина на сегашното село, подоцна наречено Бежонијте. Подоцна, двајцата браќа ги поделиле своите земји, едниот останал на местото на денешното село Чурилово и другиот во Кукурахцево.

Помеѓу двете села во XIX век бил изграден манастирот „Свети Ѓорѓи“, кој е најголемиот манастир на планината Огражден. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 382 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][2].

Население[1][3]

уреди
Население на Кукурахцево по попис[3]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 118 139 161 147 152 128 86 64 46 49
Национален состав на населението
од 2011 година
[4]:

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  3. 3,0 3,1 „Справка за населението на с. Кукурахцево, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  4. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.