Горна Крушица
Горна Крушица (бугарски: Горна Крушица — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Горна Крушица | |
---|---|
Координати: 41°40′N 23°7′E / 41.667° СГШ; 23.117° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Струмјани |
Површина | |
• Вкупна | 19,644 км2 (7,585 ми2) |
Надм. вис. | 540 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 51 [1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2827 |
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крушица (Krouchitsa) имало 26 домаќинства и 80 Македонци.[3] [4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци.[3][5]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[7]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.[8]
Во 50-тите години на 20 век селото се преселило од старата локација во Малешевската планина на 7 км источно во долината на Струма.
Во 1999 година била изградена црквата „Свети Димитар“.[9]
Географија
уредиСелото Горна Крушица се наоѓа на околу 41 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 9 километри југозападно од општинскиот центар Струмјани.
Селото Горна Крушица се наоѓа во долината на Струма, на околу 1 км западно од реката, во подножјето на Малешевските Планини. Северно од селото е Сливница, а на југ Каменица. Горна Крушица е поврзана со градот Кресна и селото Струмјани, кое е општински центар, преку асфалтиран, но тешко дотраен пат. На неговата денешна местоположба, Горна Крушица било изградено во 1958-1962 година. Пред тоа селото се наоѓало на околу 7 километри западно од сегашната населба во Малешевските Планини.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 759 | 849 | 862 | 647 | 428 | 283 | 237 | 165 | 92 |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]
Број на население | |
Вкупно | 65 |
Бугари | 63 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | 2 |
Личности
уреди- Родени
- Миладин Тренчев, член на Македонско-одринските доброволни чети
- Христо Тренчев, член на Македонско-одринските доброволни чети[13]
Наводи
уреди- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855
- ↑ Мичев, Николай. Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София, ИК „Петър Берон: Изток-Запад“, 2005
- ↑ Храмове // Община Струмяни. Посетен на 18 декември 2015.
- ↑ 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Велющец , общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Попис на населението од 2011 година
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 733. ISBN 954-9800-52-0.