Драгуш
Драгуш — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Драгуш | |
---|---|
Местоположба на Драгуш во Пиринска Македонија | |
Координати: 41°31′0″N 23°6′0″E / 41.51667° СГШ; 23.10000° ИГД | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 1.649 км2 (637 ми2) |
Надм. вис. | 1.017 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 32 |
• Густина | 0,019/км2 (0,050/ми2) |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Повик. бр. | 07424 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 32 километри северозападно од градот Петрич, во планински регион. Атарот на селото зафаќа простор од 1.649 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 1017 метри.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиСе верува дека селото било основано во XVIII век. Според легендата, селото го добило своето име според првиот доселеник - Драгуш (Драгош) од Берово, кој избегал од Турците и се населил во областа. Според други извори, селото било основано пред четири века од три семејства - од Берово, со Јуруците (денес во Грција) и Бараково[1].
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгуш (Dragouch) е село со 25 семејства и 85 Македонци[2][3].
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 246 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 264 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Наводи
уреди- ↑ Германов, Стоян. Огражден във времето, София, 2019, с. 217.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844