Струмјани (бугарски: Струмяни) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Струмјани
Струмјани is located in Бугарија
Струмјани
Струмјани
Местоположба во областа
Струмјани во рамките на Пиринска Македонија
Струмјани
Местоположба на Струмјани во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°38′N 23°12′E / 41.633° СГШ; 23.200° ИГД / 41.633; 23.200
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Надм. вис.&10000000000000128000000128 м
Население (2024)
 • Вкупно793[1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2825

Историја

уреди

Струмјани е основано како железничка станица на линијата Софија-Кулата по име Гара Огражден („Станица Огражден“). Била признаена како стационарна населба со декрет 161, објавен на 8 април 1931 година. Таа била преименувана во Гара Огражден со министерска наредба 9159, објавена на 5 јануари 1946 година. Со декрет 1840 од 24 ноември 1970 година, населбата на станицата била споена со Микрево во ново село под името Струмјани. Во 1991 година, Микревската околија повторно била одвоена како самостојна населба.[3]

Селото има музејска збирка, чии најрани експонати датираат од доцниот миоценски период - пред 5-2 милиони години. Изложени се и орнаменти од железното време, како и култна керамика и мермерни скулптури.

По падот на атеистичкиот комунистички режим во 1989 година, жителите на Струмјани почнале да работат на идејата за изградба на црква во селото.[4] Камен-темелникот бил поставен во 1993 година, а храмот е посветен на светите Константин и Елена. Храмот бил осветен во 2003 година од страна на митрополитот Натанаил Неврокопски.

Географија

уреди

Селото е административен центар на Општина Струмјани. Се наоѓа на околу 44 km јужно од центарот на градот Благоевград

Население[5][6]

уреди
Население на Струмјани по попис[6]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 906 1441 1799 2839 3068 3178 1096 1026 960
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[8]

Број на население
Вкупно 960
Бугари 843
Турци 4
Роми 11
Останати 6
Не се определиле -
Без одговор 96

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989.
  4. Община Струмяни (2020-05-20). „Домове на вярата в с. Струмяни, Община Струмяни. На 21 май черквата "Св. Св. Константин и Елена" има храмов празник“. Сайт на Община Струмяни. Посетено на 2024-02-11.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Струмяни, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  8. Попис на населението од 2011 година