Орман (Петричко)

село во Петричко, Пиринска Македонија

Орман (бугарски: Кавракирово[1]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Орман
Кавракирово
Орман is located in Бугарија
Орман
Орман
Местоположба во областа
Орман во рамките на Пиринска Македонија
Орман
Местоположба на Орман во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°26′N 23°10′E / 41.433° СГШ; 23.167° ИГД / 41.433; 23.167
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна7.769 км2 (3,000 ми2)
Надм. вис.&1000000000000009700000097 м
Население (2015)
 • Вкупно1.592
 • Густина0,20/км2 (0,53/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2889
Повик. бр.07427

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 11 километри северозападно од градот Петрич, во јужните краеви на планината Огражден во Петричката котлина. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 милиметри. Реката Струмица тече низ селото и ја опкружува на југ. Соседни села се Првомај и Михново.Атарот на селото зафаќа простор од 7.769 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 97 метри.

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во селото живееле 56 христијански и 2 муслимански семејства[2]. Според народната традиција, селото првично се наоѓало на 3 километри североисточно од денешната местоположба - во месноста Богоево, но во 18 век било запалено од Турците од селото Ѓорѓево и раселено. Подоцна се појавило на денешното место како чифлик под името Орман.

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓа на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман чифлик се состоело од 35 куќи од кои 132 Македонци[3][4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Орман, при десниот брег на Струмица, на СЗ од Петрич 112 час; патот рамен. Лежи во последните делови на Малешовската планина, на един рид. Се одгледува најмногу ориз. Во параклисот се чита мешано. Куќи 70.[5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 45 домаќинства, од кои 15 цигански и 30 македонски[3][6]. Според истиот извор, во селото живееле 220 Македонци, додека ромското население не е наведено.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 272 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[7].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[8].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Селото било ослободено од отоманската власт во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на Балканските војни, селото било окупирано и запалено од грчката армија[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По војната, бегалци од Кукушко, Дојранско и подоцна од Струмичко се населиле во селото.

Население[3][10]

уреди
Население на Орман по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 438 625 809 1046 1133 1354 1491 1512 1536 1592
Етнички состав на населението
од 2011 година[11]:
Националност Население Процент
Бугари 1055 77,46%
Турци 3 0,22%
Роми 303 22,25%
Вкупно 1362
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Указ № 334/обн. 13.07.1951 г.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.566 – 567
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 149.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 129.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186 – 187.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 867
  9. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  10. 10,0 10,1 „Справка за населението на с. Кавракирово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  11. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  12. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски

уреди