Долно Спанчево
Долно Спанчево — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Долно Спанчево | |
---|---|
![]() Поглед кон кметската зграда | |
Местоположба на Долно Спанчево во Пиринска Македонија | |
Координати: 41°25′17″N 23°22′46″E / 41.42139°N 23.37944°E | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 6.591 км2 (2,545 ми2) |
Надм. вис. | 232 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 93 |
• Густина | 0,014/км2 (0,037/ми2) |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Повик. бр. | 07425 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 18 километри источно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина. Атарот на селото зафаќа 6.591 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 232 метри. Климата е преодна средоземна со најмалку врнежи од август и ноември. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 530 мм. Патот Петрич - Неврокоп поминува низ селото.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиВо текот на 19 век, селото било мешано, кое припаѓало на Демирхисарската каза во Серскиот санџак. Во текот на 1859 година во селото била изградена црквата последена на Свети Ѓорѓи, која денес е прогласена за споменик на културата.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово Долне (Spantchovo-dolné) е село со 82 семејства со 150 жители муслимани и 70 Македонци, а изоставениот Сердар чифлик е запишан со население од 100 жители Македонци со 26 семејства[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Спанча, 6 часа на СИ од Валовиште, 1⁄2 час до Бистрица. Пред пет години опстојувал сердар чифлик, чие население се отселило. Остатокот од земјата го обработува околните села. Патот е рамен. Грчка црква. 40 турски куќи и 20 македонски.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители, од кои 200 биле Турци и 200 Македонци[1][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][5].
Во текот на Балканските војни, во 1913 година селото било освоено од страна на грчката војска, а 30 куќи биле опожарени[6].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 856.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
- ↑ Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.