Коларово
Коларово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Коларово | |
---|---|
Црквата Света Недела | |
Координати: 41°21′N 23°6′E / 41.350°N 23.100°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 30,299 км2 (11,699 ми2) |
Надм. вис. | 428 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 1.989 |
• Густина | 66/км2 (170/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2880 |
Повик. бр. | 07423 |
Географија и местоположба
уредиСелото Коларово се наоѓа во полупланинска област, во северниот дел на подножјето на планината Беласица, познато како Подгорје. Сместено е во близина на границата со Грција и околу 10 километри западно од општинскиот центар на Петрич. Јужно од селото е преминот Демир капија (Железна порта), која во минатото ги поврзувала селата од двете страни на Беласица. Селата Елешница и Самоилово се соседни. Селото се наоѓа на надморска висина од 428 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 30.299 км2. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 750 мм). На околу 5 километри северно од Коларово тече реката Струмица, лева притока на реката Струма. Почвите се претежно делувијални, алувијални. Населението расте од природен прираст[1].
Историја
уредиАнтички и средновековен период
уредиКоларово има богато историско минато. Во месноста Мусовица, која се наоѓа северно од селото, во 80-тите години на минатиот век била откриена и истражена неолитска населба. Голема античка населба се наоѓала во областа Дебелиштето, северно од селото. На југот на селото во месноста Чуката се наоѓаат остатоци од доцноантичката и средновековна тврдина.
Османлиско Царство
уредиСелото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 10 муслимански семејства и 201 христијански семејства[2], а според вториот, 43 христијански семејства.
Во текот на 19 век, селото било мешано и било во составот на Петричката каза.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коларово (Colarovo) е село со 302 семејства од кои 505 муслимани и 160 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1230 жители, од кои 1100 Турци и 130 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][6].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7].
Во 1913 година, за време на Балканските војни, Коларово било освоено и запалено од грчката армија[8].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле бегалци од Егејска Македонија (главно од селата Горно Порој, Долно Порој и Липош, како и жители на повисоките села од планината Огражден[9].
Во 1916 година, професорот Васил Златарски, како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавје, во организација на седиштето на активната армија, го посетил селото. Во својот извештај до началникот на Генералштабот на активната армија, тој напишал дека Коларово е големо, поголемо турско село (200 турски и 100 бугарски куќи), но во времето на неговата посета немало Турци. Во нивните куќи веќе живееле бегалци од Горно Порој[10].
Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 година[11] | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Класови | Ученици | Учители | Учителки | ||||||
машки | женски | вкупно | редовни | нередовни | вкупно | редовни | нередовни | вкупно | |
први | 22 | 12 | 34 | 1 | 2 | 3 | 0 | 1 | 1 |
втори | 17 | 2 | 19 | ||||||
трети | 15 | 4 | 19 |
На 8 ноември 1948 година во храмот Свети Димитар бил убиен митрополитот Борис Неврокопски.
Во 1952 година било основано читалиштето Јане Сандански.[12]
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 1321 | 1823 | 1929 | 2028 | 2073 | 2294 | 2335 | 2156 | 1880 | 1989 |
Националност | Жители | Процент |
---|---|---|
Бугари | 1714 | 95,49% |
Цигани | 46 | 2,56% |
вкупно | 1795 |
Институции
уреди- Средно училиште „Васил Левски“
Знаменитости
уреди- Црква „Свети Димитар“
- Црква „Свети Мина“
- Црква „Света Недела“
- Црква „Свети Илија“
Личности
уреди- Родени во Коларово
- Георги Митрев (р. 1971), бугарски историчар, доцент
- Красимир Костов (р. 1995), бугарски фудбалер
- Методи Теохаров (р. 1948), бугарски политичар
- Серафим Брзаков (р. 1975), бугарски спортист, борец
- Христо Атанасов, член на Македонско-одринските доброволни чети[16]
- Починати во Коларово
- Борис Неврокопски (1888 – 1948), бугарски духовник
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 446. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.580 – 585.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150 – 151.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 185.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 852
- ↑ Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
- ↑ „Енциклопедия Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр.447.
- ↑ Петър Петров. „Пътуване на проф. В.Н.Златарски из Македония“. – Во: ВИС, г.60, 1991, кн.1, стр.73.
- ↑ Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 35. ISBN 954-90006-2-1.
- ↑ 13,0 13,1 „Справка за населението на с. Коларово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, София, 2006, стр. 23.