Џигуровосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Џигурово
Джигурово
Џигурово is located in Бугарија
Џигурово
Џигурово
Местоположба во областа
Џигурово во рамките на Пиринска Македонија
Џигурово
Местоположба на Џигурово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°33′N 23°19′E / 41.550° СГШ; 23.317° ИГД / 41.550; 23.317
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна13.365 км2 (5,160 ми2)
Надм. вис.&10000000000000367000000367 м
Население (2015)
 • Вкупно735
 • Густина0,055/км2 (0,14/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2812
Повик. бр.0746

Географија и местоположба

уреди

Селото Џигурово се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на Пирин, на левиот брег на Бождовска река, на надморска висина од 367 метри. Самото село и неговата околина се типичен регион за винова лоза кој произведува квалитетни вина. Селото има прекрасен поглед кон песочните Мелнички пирамиди и Струмската долина со вулканската височина Кожух. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд. Поради сувите и топли лета и благите и влажни зими, во селото има услови за одгледување на средоземни растенија како смокви, калинки, киви, маслинови дрвја, ловор, итн.

Атарот на селото зафаќа површина од 13.365 км2. Селото се граничи со териториите на Белевехчево и Дебрене на северозапад, Малки Цалим, Бождово и Љубовка на североисток, Ладарево и Ласкарево на југоисток и Склаве и Лешница на југозапад[1].

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Една од легендите за името на селото е дека за време на отоманското владеење во селото живеел еден османлиски богат човек по име Џигур-бег, кој имал земја со прилично развиена фарма, што го правело селото побогато од соседните села. Според друга легенда, селото го носи името на неговиот основач Хаџи Ѓуро.[2]

Под имињата Зигурова и Жигурова селото се споменува во османлиски даночни дефтери од 1611 - 1617 година.[3] Во текот на 19 век, селото било мешано и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џигурово (Djigourovo) било село со 122 семејства со 300 Турци и 60 Македонци[4][5].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Џигурово, до левиот брег на една притока на Бистрица. Од Мелник до селото има 2 1/4 часа. Изградено е на еден рид над реката. Се занимаваат со земјоделство и лозарство, а садат и тутун. 90 куќи, од кои 36 бугарски.[4][6]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 565 жители, од кои 300 Турци, 120 Власи и 145 Македонци[4][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[4][8].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[9].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[4][10]

уреди
Население на Џигурово по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 430 465 362 229 182 115 95 76 52 36
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Културни и природни знаменитости

уреди

Во центарот на селото има плоштад со вековно стар чинар и со уникатна форма на стеблото[12]. Неговата форма формира огромна празнина, за која мештаните велат дека некогаш се наоѓала рерна за печење леб. Можеби е стара неколку стотици години, но тоа не е утврдено од никој. Од местото каде се наоѓа селото, има исклучително живописен поглед во неколку насоки. Во близина на селото поминува мала река, која се спушта од планината Пирин, притока на реката Струма. Покрај тоа, областа е позната по својата прекрасна природа. Во близина на селото има и неколку мали брани, кои биле дел од системот за наводнување во блиското минато.

Наводи

уреди
  1. geonames.cadastre.bg
  2. Енциклопедија Пирин. Том 1, Благоевград, 1995 година, стр. 269.
  3. „Енциклопедия Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 269.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 26.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 842
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Джигурово, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  12. Снимка на ствола на чинара

Надворешни врски

уреди