Аврамово (Пиринско)
Аврамово — село во Разлошко, Пиринска Македонија, денес во општината Јакоруда на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 636 жители (2024).
Аврамово | |
---|---|
Панорамски поглед кон Аврамово | |
Координати: 42°01′N 23°40′E / 42.017° СГШ; 23.667° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Јакоруда |
Површина | |
• Вкупна | 5,284 км2 (2,040 ми2) |
Надм. вис. | 1.076 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 636 |
• Густина | 120/км2 (310/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2795 |
Географија и местоположба
уредиСелото Аврамово се наоѓа во планинско подрачје. Се наоѓа во Аврамското седло кое ги дели планините Рила и Родопи. Од општинскиот центар - Јакоруда е на 18 километри.
Историја
уредиСелото е основано во 1955 година. од населбите Аврамови колиби, Планковци, Тиберова и Харлиова села и селото Бабјак.[1]
Демографија
уредиНа табелата е прикажан бројот на населението во Аврамово за периодот 1956-2011:
година | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 545 | 646 | 604 | 660 | 706 | 698 | 723 |
Етнички состав
уредиБрој и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 96 | 13,28 |
Роми | - | - |
Турци | 582 | 80,50 |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 45 | 6,22 |
Вкупно | 723 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]
Културни и природни знаменитости
уредиТука се наоѓа највисоката железничка станица на Балканот, со надморска височина од 1267 метри. Железничката станица Аврамово е станица на единствената железничка линија со тесен колосек во Бугарија, со колосек од 760 мм, што ги поврзува градовите Септември, Велинград, Јакоруда, Мехомија, Банско и Добриништа. Линијата е една од најживописните во цела Европа и во исто време важна за локалното население кое во зима нема друг превоз до поголемите градови како Мехомија и Велинград.
Галерија
уреди-
Железничката станица Аврамово (2021)
-
Зграда на градското собрание (2021)
-
Железничката станица Аврамово (2013)
Наводи
уреди- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.