Влахи

село во Пиринска Македонија

Влахи — село во Општина Кресна, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Влахи
Влахи is located in Пиринска Македонија
Влахи
Влахи
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија
Координати: 41°44′0″N 23°13′0″E / 41.73333° СГШ; 23.21667° ИГД / 41.73333; 23.21667Координати: 41°44′0″N 23°13′0″E / 41.73333° СГШ; 23.21667° ИГД / 41.73333; 23.21667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаКресна
Надм. вис.&10000000000000771000000771 м
Население (2011)
 • Вкупно5
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)

Географија и местоположбаУреди

 
Поглед на селото

Селото Влахи се наоѓа во југозападниот дел на Пирин Планина, оддалечен 9 километри од општинскиот центар Кресна и околу 160 километри од главниот град Софија.

Во минатото Влахи било составено од централен дел и маалата - Драколово, Полена, Југовци, В'чковци, Ѓурѓевица, Шемето, Дебел Д'б, Патриловци, Аркалејтовци, Манчовци, Куртовци, Куртишовци и Клетиште.[1]

Покрај селото тече Влахина Река, којашто претставува лева притока на реката Струма.

ИсторијаУреди

Во Влахи се наоѓа најстарата црква во Кресненско, црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1757 година.[2]

Во XIX век Влахи е големо македонско село, дел од Мелничката каза на Серскиот санџак. Во 1844 година е изградена црквата „Свети Илија“.

За време на Македонското востание Влахи е прибежиште на востаниците. По востанието селото е опустошено и од 300 куќи преживуваат само 80 заедно со црквата и училиштето.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.850 жители, сите Македонци.[3][4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 2.240 година во Влахи имало 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4][5]

Селото Влахи е родно место на македонскиот револуционер Јане Сандански. Во 1901 година Јане Сандански ја киднапирале протестантската мисионерка Елен Стоун и одреден период ја држел како заложник во селото.

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Влахи во минатото било голема населба и во 1934 година броело 1.642 житела, а денес е на пат целосно да се расели. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 5 жители, запишани како Бугари.[6]

На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[6]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
жители 1.642 1.307 1.132 624 167 72 36 17 5

Општествени установиУреди

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Сандански, Борис. Кратка енциклопедия Кресненски край, Сандански, 2003, стр. 90.
  2. Село Влахи – двама постоянни жители и две църкви. // Днес.бг, 23 март 2014 г. Посетен на 16 јули 2019 г.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 189. ISBN 954430424X.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.192-193.
  6. 6,0 6,1 „Справка за населението на с. Влахи, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-15. Посетено на 2018-02-04.