Лешко
Лешко — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.
Лешко | |
---|---|
Координати: 41°55′N 22°58′E / 41.917° СГШ; 22.967° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Горна Џумаја |
Надм. вис. | 591 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 197 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2749 |
Повик. бр. | 0746 |
Географија и местоположба
уредиЛешко е планинско село, сместено на надморска височина од 591 метар, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 16 километри југозападно од Горна Џумаја.
Историја
уредиСпоред Рилската грамота на Иван Шишман од 1378 година, селото е во сопственост на Рилскиот манастир.
Во XIX век Лешко е големо македонско[2] село во рамките на Горноџумајската каза на Серскиот санџак. Во 1816 година во селото е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“. Според месното население, ктитор на црквата е извесен Стојан - лешковец, којшто се јавувал како ктитор на новата црква, откакот старата „Света Богородица“ била срушена.[3]
Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:
Лешко, големо село на три часа од Горна Џумаја. Почвата тука е плодородна и богато ги наградува работниците. Има бугарска црква и училиште, со 1 учител и 30 ученици; 300 куќи.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители, сите Македонци.[2][5]
Во Лешко функционира комитет на ВМОРО и селото во организацијата е познато како „Републиката на Чернопеев“. Кон крајор на 1909 година комитетот на Лешко бил обновен од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов.[6]
Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 година[7] | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Класови | Ученици | Учители | Учителки | ||||||
момчиња | девојчиња | вкупно | редовни | хонорарни | вкупно | редовни | хонорарни | вкупно | |
прв | 20 | 8 | 28 | 1 | 0 | 1 | 2 | 1 | 3 |
втор | 15 | 4 | 19 | ||||||
трет | 8 | 0 | 8 |
Стопанство
уредиДемографија
уредиСпоред последниот попис од 2011 година, во селото имало 197 жители, запишани како Бугари.[2][8]
На табелата е прикажан бројот на населението во Лешко за периодот 1946-2011:[9]
1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1.359 | 1.102 | 740 | 571 | 454 | 380 | 303 | 197 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Александар Китанов, познат Санде ( 1881 - 23 декември 1906, Русиново, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Стоилов, А. П (1922). Един ферман за строеж на цѫрква во: Bulletin du Museé national d'ethnographie de Sofia, том II. Народен етнографски музей в София. стр. 84.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 20 - 21.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 191. ISBN 954430424X.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ (1937). Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, том II (PDF). София: Печатница „Художникъ“. стр. 90–92.
- ↑ Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Лешко, общ. Благоевград, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-02-05. Посетено на 2018-02-04.
Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |