Рила — наjвисока планина во Пиринска Македонија, цела Бугарија и на Балканскиот Полуостров.

Рила
Рилска Планина
Поглед на врвот Маљовица
Највисока точка
Надм. вис.2.925 м
Истакнатост2.473 м
Друго имеРилска Планина
Географија
Рила на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецРилско-родопски Масив
Топографска карта на Рила.

Таа се наоѓа во југозападниот дел на земјата, и во северозападниот крај на Рилско-родопскиот Масив. Највисокиот врв на Рила е Мусала, и со своите 2.925 м е и највисокиот на Балканскиот Полуостров.[1] По сртот на Рила поминува главниот бугарски слив, кој се совпаѓа со главниот балкански слив, кој ги дели речните сливови на Црното и Егејското Море. Од планината извираат едни од најголемите и многуводни бугарски реки: Искар, Марица и Места. Просечната надморска височина на Рила е 1.487 м, а вкупната површина е 2.629 км2. Поголемиот дел од високите врвови (2.500 - 2.700 метри надморска височина) имаат алпски изглед. Типичен пример е Маљовица. Остатокот, особено во Источна Рила, претставуваат планински ливади.

Име уреди

Се претпоставува дека името Рила има тракиско потекло. Најпрво планината се викала Донука[2], Дунакс, Доункас[3], а подоцна Роула, преименувано во Рила од Словените во V век, што значи „многуводна планина“.[4] На Рила има над 200 езера и бројни минерални извори (Сапарева Бања, Долна Бања, Костенец, Бања и др.).

Географија, флора, фауна уреди

Огромната купола на Рила се издига над околните планински котлини. Боровечкото Седло (1.305 м) го поврзува главниот Мусаленски дел со ридовите Шипочан и Шумнатица на Ихтиманска Средна Гора. Седлото Јундола (1.375 м) и Аврамово Седло (1.295 м) ја поврзуваат Рила со Родопите. Врската со Пирин е седлото Предел (1.140 м), а со Верила Клисурското Седло (1.025 м). Планината Рила е поделена на четири посебни географски делови:

  • Источна Рила
  • Централна Рила
  • Северозападна Рила
  • Југозападна Рила

Галерија уреди

Панорами уреди

Панорама на Седумте Езера

Наводи уреди

  1. Български туристически информациски сайт/Рила
  2. Histoire Romaine, XL, 58, 1 Тит Ливиј (француски)
  3. The Language of the Thracians, IV. The Thracian onomastics, A. Geographical names (A — N) Ivan Duridanov (англиски)
  4. „Планините в България, Рила“. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2012-04-26.

Надворешни врски уреди