Јановосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Јаново
Яново
Јаново is located in Бугарија
Јаново
Јаново
Местоположба во областа
Јаново во рамките на Пиринска Македонија
Јаново
Местоположба на Јаново во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°26′N 23°29′E / 41.433° СГШ; 23.483° ИГД / 41.433; 23.483
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна14.186 км2 (5,477 ми2)
Надм. вис.&10000000000000433000000433 м
Население (2015)
 • Вкупно142
 • Густина0,010/км2 (0,026/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2816
Повик. бр.074322
Зградата на кметството со детски парк
Продавница во селото
Александар Христов, македонски писател

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на надморска висина од 433 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 14.186 км2. Јаново се наоѓа во подножјето на планината Еѓуптин во планината Славјанка со највисокиот Гоцев Врв од 2212 метри надморска височина. Стариот дел од селото се наоѓа на стрмна падина, свртен кон југ.ПВо долината поминува малата река Петровска, со почеток во подрачјето на месноста Извора и кај селото Ново Хоџово, каде се влева во реката Пиринска Бистрица. Центарот и новите куќи се наоѓаат во северниот правец на рамен терен, каде поминува асфалтниот пат помеѓу поголемите села Катунци и Петрово. На запад се издигнува ридот наречен Плоштина, а на југ се протега Мариново Плато, а по грчката граница серија скоро паралелни сртови како Полјани, Валче Брце и Големата усојка. Висината на Јаново е во опсег од 380-440 метри. Областа е огромна географска плоштина. Гледано од дното во правец на стрелките на часовникот, се наоѓаат на север планината Пирин со североисточниот врв на Орелак, Парилско Седло е мостот кон Славјанка. Сенгелска Планина е на југ на територијата на Грција. На југозапад, Беласица се крева и формата ја затвора Огражден. Еве неколку растојанија: Неврокоп - 52 км, Свети Врач - 30 км, Петрич - 32 км, Мелник - 19 км, Кулата - 17 км.

Историја

уреди

Османлиско Царство

уреди

Во 15 век, во Јаново биле запишани 105 глави на домаќинства[1]. Во османлискиот даночен спосок на немуслиманското население од 1616-1617 година, селото Јанова имало 50 семејства[2]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јаново (Yanovo) било село со 60 семејства и 180 Македонци[3][4].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Јаново, чифлик на х. Адамаки. Од Јаново до Петрово блиску 1 час; доста плодородна земја. Грчка црква; 40 бугарски куќи.[3][5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители, сите Македонци[3][6].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во 1985 година селото имало 314 жители.

Население[3][8]

уреди
Население на Јаново по попис[8]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 364 555 609 489 355 315 257 213 161 142
Етнички состав на населението
од 2011 година[9]:
Националност Население Процент
Бугари 153 95,03%
Останати 8 4,97%
Вкупно 161
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Редовни настани

уреди
  • 14 февруари, ден на лозарите
  • Спасовден

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 855.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 890
  8. 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Яново, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  9. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.