Википедија:Викиекспедиции 2019
„Викиекспедиции“ |
Во текот на 2019 година биле оганизирани четири викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:
- Славиште — дводневна експедиција;
- Општина Могила — дводневна експедиција;
- Охридско — дводневна експедиција; и
- Општина Долнени — дводневна експедиција.
Прва експедиција
уредиСлавиште
уредиДојде пролетта, а со тоа и почетокот на нашите Викиекспедиции :)
Попладнето 25 април 2019 година (четврток) се упативме кон областа Славиште, но и други села кои припаѓаат на денешната Општина Крива Паланка.
Овој пат, учесници на експедицијата беа Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски, кој ни се приклучи за прв пат.
Прв ден
уредиБидејќи прогнозата за вториот ден на нашата експедиција беше лоша, со најава за врнежи од дожд во текот на целиот ден, одлучивме во петокот (првиот ден од нашата посета), да посетиме што е можно повеќе села, особено оние кои беа предизвикувачки и до кои имаше само земјени патишта.
Најпрвин, отидовме на нашиот појадок, четврт бурек со јогурт на бреговите на Крива Река во градот, од каде се упативме кон првото село за денот, Костур. Селото со познато име (како истоимениот град во Егејска Македонија) беше пусто, одвај неколкумина живеат уште таму.
Подоцна, се упативме кон поголемото село Узем, кое е поделено на многу маала, распослани долж македонско-бугарската граница, во непосредна близина на меѓународниот граничен премин „Деве Баир“.
На пат кон другите села, поминавме низ селото Жидилово, кое поседува подрачно училиште. Малку подоцна, скршнавме на регионалниот пат R2250. Прво село кое го посетивме беше Киселица, до кое се доаѓа по стрмен земјен пат, а горе имаше еден жител, кој порано возел камиони, но сега решил да се занимава со земјоделство. Тука беше првата покана да седнеме, да се напиеме една ракија :)
Откако се симнавме од Киселица, скршнавме повторно десно и отидовме кон селото Трново, до кое води асфалтиран пат. Во селото се наоѓа една од малкуте цркви во овој регион, црквата „Св. Никола“, чии помошни објекти се користат и како гласачко место. Поранешното училиште е претворено во хостел „Трновски ветар“.
Од Трново се вративме по истиот пат и продолживме да се движиме на север по регионалниот пат, доаѓајќи до селото Добровница, каде се наоѓа подрачно училиште и новоизградената црква „Св. Димитриј“, во близина на селските гробишта.
Од Добровница, повторно скршнавме десно и отидовме да ги посетиме селата Мала и Голема Црцорија, кои се разделени на многу маала. Од овој пат се доаѓа и до привремениот граничен премин со Србија, Црцорија-Голеш.
На следното скршнување, најпрвин мислевме дека дојдовме до маало на селото Крстов Дол, но подоцна разбравме дека сепак е маало на Голема Црцорија. Сепак, успеавме да фотографираме маало на селото Крстов Дол, заедно со уништената рударска флотација и незаштитено јаловиште.
На крај од овој регионален пат, стигнавме до селото Луке, големо и раздвижено село, каде се наоѓа подрачно училиште со десетина деца, селска црква „Св. Илија“ и селска црква „Св. Петка“. Кај селската црква „Св. Илија“ ни се приближи мештанин и истиот ни понуди да не однесе до црквата „Св. Петка“, сместена на државната граница со Србија, од каде се пружа неверојатен поглед на целата околина, заедно со пограничните области во Бугарија и Србија. Претходно, имавме одличен разговор со него по пат, но и во селската „кооперација“ :)
Кога завршивме со Луке, се упативме кон селото Подржи Коњ. По мешан пат, асфалтен и земјен, стигнавме до едно негово маало, а во подножјето го фотографиравме и подрачното училиште, каде се сместени и амбулантата и месната заедница на селото Луке.
Околу 15 часот рековме да се вратиме целосно до магистралниот пат Скопје-Софија, и да се одвоиме повторно по регионален пат до селото Огут. Попатно фотографиравме едно маало на селото Кркља.
До селото Огут, оддалечено околу 20-тина километри од градот Крива Паланка, води асфалтиран пат, во првиот дел и со обновен асфалт, а попатно се наоѓаат и селата Осиче и Метежево. Во преубави пејзажи, патот се движи низ недопрена природа на овој регион и навистина уживавме додека стигнавме до таму. Во Огут, се наоѓа и стара напуштена караула на АРМ, бидејќи од другата страна веќе се наоѓа градот Трговиште, во Србија.
Втор ден
уредиБидејќи бевме сместени во вила во селото Дурачка Река, пред појадокот на вториот ден, се упативме најпрвин до селото Станци, каде поради далечината не отидовме да го посетиме Станечкиот Водопад на истоимената река, која се влива во Дурачка Река. Направивме фотографии од селото, подрачното училиште и од двете реки. Подоцна, го фотографиравме селото Дурачка Река и истоимената река, пред да се спуштиме во градот.
Пред појадокот, отидовме и до селото Кошари, сместено во близина на градот, до кое води само земјен пат.
Откако појадувавме во манастирскиот ресторан на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ се упативме кон селото Варовиште, од кое веќе направивме фотографии од патот кон селото Кошари, и кон селото Б’с, селото со најкратко име во Македонија. До Б’с води земјен пат, на моменти каллив и опасен.
Оттаму, се упативме кон селото Дрење, до кое води асфалтен, но многу стрмен пат, од градот. Од патот за селото ни се укажа шанса и го фотографиравме селото Лозаново, сместено на спротивниот рид.
По надополнување бензин, отидовме кон најголемото село во областа, Конопница, кое скоро е целосно споено со самиот град Крива Паланка. Ја фотографиравме убавата црква над селото „Св. Теодор Тирон“, како и подрачното училиште „Илинден“.
Попатно фотографивме и едно од маалата за селото Градец, иако за жал не успеавме да лоцираме пат до него, за да го фотографираме подетално.
Потоа, се исклучивме повторно од магистралниот пат, за да го фотографираме селото Т’лминци, а откако кратко се вративме на него, повторно се исклучивме за да стигнеме до селото Мождивњак и Борово. Најпрвин, отидовме кон селото Борово, до кое најпрвин имаше асфалтен пат, кој подоцна стана земјен и доста стрмен. Успеавме некако да стигнеме до ова високопланинско село и да направиме неколку фотографии. Кога се симнавме во Мождивњак, направивме круг и го најдовме едното подрачно училиште и селската црква „Св. Троица“.
За крај на денот кога веќе се доближуваше најавената бура, отидовме кон селото Длабочица, каде успеавме да ја најдеме црквата „Св. Никола“, изградена во 1928 година, напишано на плоча од времето на Кралството СХС.
Исход
уредиСо фотографирани 28 села и поминати над 480 километри, од кои добар дел по земјен терен, можеме да прогласиме уште една успешна Викиекспедиција.
Галерија
уреди-
На пат од селото Б’с
-
На пограничната зона со Србија
-
Џипот покрај црквата „Св. Никола“ во селото Трново
-
Тефтерот со податоците за селата
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Б’с — село | Q2876601 | значително подобрена статија | |
2. | Борово — село | Q2911318 | значително подобрена статија | |
3. | Варовиште — село | Q3090905 | значително подобрена статија | |
4. | Габар — село | Q3090936 | значително подобрена статија | |
5. | Голема Црцорија — село | Q3089282 | значително подобрена статија | |
6. | Градец (Кривопаланечко) — село | Q3113125 | значително подобрена статија | |
7. | Црква „Св. Никола“ - Длабочица — црква | Q63969161 | нова статија | |
8. | Длабочица (Кривопаланечко) — село | Q3033138 | значително подобрена статија | |
9. | Црква „Св. Димитриј“ - Добровница — црква | Q64009337 | нова статија | |
10. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Добровница — основно училиште | Q64009020 | нова статија | |
11. | Добровница — село | Q3033426 | значително подобрена статија | |
12. | Добровничка Река — река | Q61120551 | значително подобрена статија | |
13. | Дрење — село | Q3040254 | значително подобрена статија | |
14. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Дурачка Река — основно училиште | Q64085480 | нова статија | |
15. | Дурачка Река — село | Q537174 | значително подобрена статија | |
16. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Жидилово — училиште | Q64268691 | нова статија | |
17. | Жидилово — село | Q3090895 | значително подобрена статија | |
18. | Киселица (Кривопаланечко) — село | Q3133812 | значително подобрена статија | |
19. | Конопница — село | Q3087585 | значително подобрена статија | |
20. | ПУ „Илинден“ - Конопница — основно училиште | Q64706859 | нова статија | |
21. | Црква „Св. Теодор Тирон“ - Конопница — црква | Q20499912 | нова статија | |
22. | Костур (Кривопаланечко) — село | Q3090948 | значително подобрена статија | |
23. | Кошари — село | Q3090929 | значително подобрена статија | |
24. | Кркља — село | Q3089312 | значително подобрена статија | |
25. | Крстов Дол — село | Q3090911 | значително подобрена статија | |
26. | Рудник „Крстов Дол“ — рудник | Q64785386 | нова статија | |
27. | Лозаново — село | Q3087099 | значително подобрена статија | |
28. | Луке — село | Q3044268 | значително подобрена статија | |
29. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Луке — основно училиште | Q64815234 | нова статија | |
30. | Црква „Св. Илија“ - Луке — црква | Q64869895 | нова статија | |
31. | Црква „Св. Петка“ - Луке — црква | Q64870357 | нова статија | |
32. | Мала Црцорија — село | Q579470 | значително подобрена статија | |
33. | Метежево — село | Q3087044 | значително подобрена статија | |
34. | Мождивњак — село | Q648566 | значително подобрена статија | |
35. | ПУ „Илинден“ - Мождивњак II — основно училиште | Q65566780 | нова статија | |
36. | Црква „Св. Троица“ - Мождивњак — црква | Q24685036 | нова статија | |
37. | Огут — село | Q3087095 | значително подобрена статија | |
38. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Огут — основно училиште | Q65684239 | нова статија | |
39. | Огутска Река — река | Q20934113 | нова статија | |
40. | Осиче (Кривопаланечко) — село | Q3087159 | значително подобрена статија | |
41. | Подржи Коњ — село | Q3087133 | значително подобрена статија | |
42. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Подржи Коњ — училиште | Q65922713 | нова статија | |
43. | Станци — село | Q3087140 | значително подобрена статија | |
44. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Станци — основно училиште | Q65922729 | нова статија | |
45. | Дурачка Река (област) — област | Q65956776 | нова статија | |
46. | Станечка Река — река | Q20940545 | нова статија | |
47. | Козја Река (Станечка Река) — река | Q22090308 | нова статија | |
48. | Црква „Св. Никола“ - Трново — црква | Q12293220 | нова статија | |
49. | ПУ „Јоаким Крчовски“ - Узем — основно училиште | Q65922744 | нова статија | |
50. | Т’лминци — село | Q3087163 | значително подобрена статија | |
51. | Трново (Кривопаланечко) — село | Q3087128 | значително подобрена статија | |
52. | Узем — село | Q3087118 | значително подобрена статија | |
53. | Крстовска Река — река | Q22090859 | нова статија | |
54. | Лучка Река — река | Q22091613 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Втора експедиција
уредиОпштина Могила
уредиВикендот (8 и 9 јуни), членовите на Викиекспедиции, составени од Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и повторно Деан Лазаревски, ја посетија Општина Могила. Ова беше втората експедиција предвидена за оваа година и беше спроведена мошне успешно.
Како и секогаш, кон нашето сместување во градот Битола се упативме уште попладнето во петокот, 7 јуни, со цел одморени да ја започнеме експедицијата.
Прв ден
уредиСе решивме експедицијата да ја започнеме од северниот дел на Општина Могила, односно од нејзините „планински“ села. Овие села се единствените кои, покрај Мојно на другиот крај од општината, се наоѓаат во подножје на некоја планина. Започнавме со селата во подножјето на Древеник, најпрвин од селото Трновци, за потоа да продолжиме кон селото Свето Тодори, во кое се искачивме и до манастирот „Св. Теодор Стратилат“, сместен над селото. Од парохискиот свештеник, кој го сретнавме во Лознанскиот манастир, разбравме дека манастирот не бил опожарен во текот на големите пожари околу Битола пред некоја година.
Потоа, продолживме и влеговме во малото село Подино, за веднаш после да навлеземе во големото низинско село Ивањевци, кое поседува и деветгодишно училиште со уреден двор и терени.
Негде во овој дел го изгубивме нашиот единствен преостанат знак „Викиекспедиции“ :(
Откако повторно се вративме на стариот пат Битола-Прилеп, свртевме во лево и отидовме да ги посетиме селата Лознани и Новоселани. Во селото Лознани се наоѓа нов манастир, посветен на Светите Кирил и Методиј, како и запуштена селска црква „Св. Атанасиј“. Додека, во селото Новоселани, селската црква „Св. Ѓорѓи“ е сместена на мала височинка над селото, од каде се пружа одличен поглед на тој дел од Пелагонија.
Потоа, повторно се вративме на стариот пат Битола-Прилеп и започнавме со посета на низинските села. Најпрвин, бидејќи ни беше по пат, влеговме во селото Клепач, кое официјално е дел од Општина Прилеп. Продолживме со посета на селото Ношпал, кое преку проект на Министерството за образование и наука добило убаво средено монтажно училиште. На крај, стигнавме до селото Добрушево, кое до 2004 година претставувало општинско средиште на истоимената општина. Селото поседува парк, нови игралишта, голема црква, па дури и мала бензинска станица од Макпетрол.
Како напредуваше жешкиот ден, така ние полека стигнавме до селата Мусинци и Мојно, сместени на другиот крај од општината. Во Мусинци успеавме да ги најдеме двете селски цркви, како и разурнатото минаре од некогашната џамија, додека во Мојно ја најдовме селската црква „Св. Атанасиј“.
По ова село, планот ни беше денот да го завршиме порано, бидејќи стана неиздржливо топло, па така влеговме само во селата Алинци, Црничани и Путурус. Алинци е мало село, кое нема ни сопствено училиште, иако има ученици. Во селото Црничани се помачивме да ја лоцираме селската црква, па дури добивме и лоши насоки од мештаните, додека во селото Путурус беше крајно неизводливо да дојдеме до главната селска црква „Св. Димитриј“ од 1880 год. сместена на височинка над селото. Во другата црква „Св. Петка“ се одржуваше свадба и моравме на двапати да се качуваме до нејзе за да направиме фотографија потребна за наши цели.
Втор ден
уредиБидејќи имавме добро темпо минатиот ден, вториот ден го започнавме со посета на три поврзани села, сместени во Општина Битола. Тоа беа селата Долно Оризари, Карамани и Трн. Сите поседуваа сопствени цркви, а селото Долно Оризари, бидејќи е најблизу до градот, поседуваше и градинка, големо училиште и амбуланта. Необично, во селото Трн, веднаш до селската црква се наоѓа голем тениски терен, веројатно изграден од некој мештанин.
По овие села, отидовме кон селото Дедебалци, но бидејќи во непосредна близина е и селото Далбеговци, кое официјално е дел од Општина Новаци, решивме да го посетиме и него. Двете села поседуваат цркви со исто име, Воскресение Христово.
Потоа, се упативме кон споените села Трап и Будаково. Будаково е единственото останато турско село во областа, кое добило и џамија во поново време. Надвор од селото Трап се наоѓа заедничката црква за двете села.
Продолживме кон селата Радобор, Долна Чарлија и Горна Чарлија. Селото Радобор поседува мала стара црква, која лесно ја пронајдовме. Селото Горна Чарлија е тешко пристапно и делумно се движевме низ ниви, во кое никој не живее и има останато само неколку куќи. Селото Долна Чарлија е живо село и поседува црква „Св. Димитриј“ од XIX век.
Конечно дојдовме до општинското средиште, Могила. Бидејќи селото имаше фотографии од неговите општествени објекти, решивме да направиме фотографии само од селската црква и потоа веднаш се упативме кон преостанатите непосетени села, Долно Српци, Беранци и Вашарејца.
Во селото Беранци успешно се снајдовме и ги лоциравме трите селски цркви. Манастирот над селото е сместен во шума и забележавме доста луѓе отидени на пикник. Во селото Долно Српци ја најдовме црквата „Св. Теодор Тирон“, која ја погоди гром пред некоја година, како и гробјанската црква сместена надвор од селото, од каде всушност се пружаше и одличен поглед на селото.
На крајот на денот, сакајќи да ја фотографираме железничката станица „Даме Груев“, изгубивме доста време до нејзе и назад. За жал, од нејзе нема ништо останато. Потоа, отидовме до последното село Вашарејца, со што ставивме крај на уште една успешна експедиција.
Исход
уредиСо фотографирани 28 села и поминати 670 километри, имавме уште една одлична теренска прошетка.
Галерија
уреди-
Возилото паркирано во селото Добрушево
-
Возилото над селото Новоселани
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | ПУ „Кочо Рацин“ - Трновци — основно училиште | Q65946926 | нова статија | |
2. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци — црква | Q65947018 | нова статија | |
3. | ПУ „Кочо Рацин“ - Свето Тодори — основно училиште | Q65946951 | нова статија | |
4. | Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (селска) — црква | Q65947053 | нова статија | |
5. | Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (манастирска) — црква | Q65947068 | нова статија | |
6. | Светотодорски манастир — манастир | Q65946972 | нова статија | |
7. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подино — црква | Q65947035 | нова статија | |
8. | ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци — основно училиште | Q20568698 | подобрена статија | |
9. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци — црква | Q65967327 | нова статија | |
10. | Параклис „Св. Петка“ - Ивањевци — параклис | Q65967319 | нова статија | |
11. | ЖС „Лознани“ — железничка станица | Q12906451 | подобрена статија | |
12. | Црква „Св. Атанасиј“ - Лознани — црква | Q65993628 | нова статија | |
13. | Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани — црква | Q24230850 | подобрена статија | |
14. | Лознански манастир — манастир | Q65994268 | нова статија | |
15. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Битолско) — црква | Q65992836 | нова статија | |
16. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клепач — црква | Q65994791 | нова статија | |
17. | ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ношпал — основно училиште | Q66049741 | нова статија | |
18. | Црква „Св. Петка“ - Ношпал — црква | Q66049804 | нова статија | |
19. | Црква „Св. Никола“ - Ношпал — црква | Q66049809 | нова статија | |
20. | ОУ „Браќа Миладиновци“ - Добрушево — основно училиште | Q12909151 | подобрена статија | |
21. | Црква „Вознесение Христово“ - Добрушево — црква | Q66049835 | нова статија | |
22. | Црква „Св. Атанасиј“ - Мојно — црква | Q66049910 | нова статија | |
23. | Црква „Св. Петка“ - Мусинци — црква | Q66049962 | нова статија | |
24. | Мусинички манастир — манастир | Q66049975 | нова статија | |
25. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци — црква | Q66049966 | нова статија | |
26. | ПУ „Браќа Миладиновци“ - Мусинци — основно училиште | Q66049767 | нова статија | |
27. | Црква „Св. Димитриј“ - Путурус — црква | Q66088015 | нова статија | |
28. | Црква „Св. Петка“ - Путурус — црква | Q66088031 | нова статија | |
29. | Путурушки манастир — манастир | Q66088036 | нова статија | |
30. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани — црква | Q66088045 | нова статија | |
31. | Црква „Св. Никола“ - Трн — црква | Q66088053 | нова статија | |
32. | Црква „Св. Никола“ - Карамани — црква | Q66088062 | нова статија | |
33. | Параклис „Св. Петка“ - Карамани — параклис | Q66088067 | нова статија | |
34. | ПУ „Даме Груев“ - Карамани — основно училиште | Q66088073 | нова статија | |
35. | ПУ „Даме Груев“ - Долно Оризари — основно училиште | Q66088114 | нова статија | |
36. | Црква „Св. Петка“ - Долно Оризари — црква | Q66088070 | нова статија | |
37. | Алинци (Битолско) — село | Q2837078 | значително подобрена статија | |
38. | Мусинци — село | Q3075273 | значително подобрена статија | |
39. | Мојно — село | Q3075185 | значително подобрена статија | |
40. | Путурус — село | Q2371620 | значително подобрена статија | |
41. | Добрушевско-дедебалска парохија — црковна парохија | Q66778056 | нова статија | |
42. | Црничани (Битолско) — село | Q3075267 | значително подобрена статија | |
43. | Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Српци — црква | Q66831598 | нова статија | |
44. | Горна Чарлија — село | Q3074622 | значително подобрена статија | |
45. | Трновци — село | Q3075256 | значително подобрена статија | |
46. | Свето Тодори — село | Q3408440 | значително подобрена статија | |
47. | Подино — село | Q3075170 | значително подобрена статија | |
48. | Новоселани (Битолско) — село | Q3074806 | значително подобрена статија | |
49. | Ивањевци — село | Q3074723 | значително подобрена статија | |
50. | Ношпал — село | Q3075380 | значително подобрена статија | |
51. | Ивањевска парохија — црковна парохија | Q68198582 | нова статија | |
52. | Лознани — село | Q3136324 | значително подобрена статија | |
53. | Долно Оризари (Битолско) — село | Q3034238 | значително подобрена статија | |
54. | Карамани — село | Q3086047 | значително подобрена статија | |
55. | Трн (село) — село | Q3039752 | значително подобрена статија | |
56. | Клепач — село | Q3087235 | значително подобрена статија | |
57. | Могилска парохија — црковна парохија | Q20573107 | подобрена статија | |
58. | Црква „Воскресение Христово“ - Далбеговци — црква | Q70485081 | нова статија | |
59. | ПУ „Славко Лумбарковски“ - Далбеговци — основно училиште | Q70482991 | нова статија | |
60. | Далбеговци — село | Q3012277 | значително подобрена статија | |
61. | ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци — основно училиште | Q71392168 | нова статија | |
62. | Црква „Воскресение Христово“ - Дедебалци — црква | Q71391572 | нова статија | |
63. | Џамија (Будаково) — џамија | Q71391893 | нова статија | |
64. | ПУ „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап — основно училиште | Q71392475 | нова статија | |
65. | Црква „Св. Петка“ - Трап — црква | Q71392718 | нова статија | |
66. | Црква „Св. Петар“ - Радобор — црква | Q71392934 | нова статија | |
67. | Црква „Св. Димитриј“ - Долна Чарлија — црква | Q71394019 | нова статија | |
68. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Могила — црква | Q71394408 | нова статија | |
69. | Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци — црква | Q71394790 | нова статија | |
70. | Црква „Св. Константин и Елена“ - Беранци — црква | Q71395183 | нова статија | |
71. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Беранци — црква | Q71404300 | нова статија | |
72. | Беранечки манастир — манастир | Q71405436 | нова статија | |
73. | ПУ „Кочо Рацин“ - Долно Српци — основно училиште | Q71406074 | нова статија | |
74. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Српци — црква | Q71409302 | нова статија | |
75. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца — црква | Q20562005 | подобрена статија | |
76. | ЖС „Даме Груев“ — железничка станица | Q12906438 | подобрена статија | |
77. | Беранечка парохија — црковна парохија | Q71418916 | нова статија | |
78. | Дедебалци — село | Q3021075 | значително подобрена статија | |
79. | Будаково — село | Q285123 | значително подобрена статија | |
80. | Трап — село | Q3074632 | значително подобрена статија | |
81. | Добрушево — село | Q3033415 | значително подобрена статија | |
82. | Долна Чарлија — село | Q3034179 | значително подобрена статија | |
83. | Радобор — село | Q3074763 | значително подобрена статија | |
84. | Могила — село | Q3084463 | значително подобрена статија | |
85. | Долно Српци — село | Q1026744 | значително подобрена статија | |
86. | Беранци — село | Q2896871 | значително подобрена статија | |
87. | Вашарејца — село | Q3074874 | значително подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Општина Могила на Ризницата ?
Трета експедиција
уредиОхридско
уредиИако оддава впечаток дека од Охрид има многу фотографии, сепак тоа не е случајот со охридските села, распослани на планините Галичица и Мазатар. Многу од овие села немаа ниту една фотографија на Заедничката Ризница, поради што неминовно беше дека мораме да ги посетиме овие села.
Така, тргнувајќи во петок (23 август 2019 г.), се упативме кон нашата трета експедиција годинава. Повторно беа присутни истите четири членови од претходните две експедиции (Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски).
Прв ден
уредиОткако направивме план за денот за време на појадокот, се упативме кон најоддалечените села во Општина Охрид, а тоа се селата кои се наоѓаат лево и десно од регионалниот пат Охрид-Ресен.
Најпрвин пристапивме до селото Свиништа, сместено високо во планината и кое зазема прекрасна положба. Црквата во селото сместена на самиот влез во селото беше лесно воочлива и со тоа денот тргна лесно.
Потоа, се упативме кон селото Завој, кое веќе го видовме од патот кон Свиништа. Иако во последниот попис се вбројуваат само 12 жители, селото Завој поседува обновени куќи и не оддава впечаток на напуштено село. Селската црква е во добра состојба, со уреден двор, а на сретсело се наоѓа споменик од НОБ. Над селото се наоѓаат уште две цркви, до кои пробавме да отидеме, но бевме вратени од Шумска полиција, бидејќи важечка беше забраната за движење во шуми поради пожарите. Токму, кога ни објаснуваа дека може секој миг да се појави пожар, изби големиот пожар, кој гореше два дена меѓу селата Вапила, Опеница и Сирула.
Веќе тука, сфативме дека оваа експедиција нема толку глатко да ги поминуваме селата, бидејќи сите села нудеа бројни работи и имаа повеќе цркви. По Завој, свртевме на следната раскрсница за селата Плаќе, Речица и Куратица. До селото Плаќе води асфалтен пат, кој подоцна едно време прекинува, за повторно да се појави асфалт, феномен сретнуван повеќе пати од наша страна на експедициите. Селото поседува две цркви, уреден плоштад наречен „Илинден“ и селска чешма. И ова село, за време на пописот имало само 4 жители, но викендот беше раздвижено и полно со луѓе. Во селото Речица ја најдовме црквата „Св. Ѓорѓи“, која е заштитен споменик на културата, како и новата црква „Св. Кузман и Дамјан“, светители по кои се именувани бројни цркви во Охридско. На сретсело, мештанин од селото ни раскажа дека по изградбата на малата хидроцентрала, селото скоро и да нема вода за пиење, иако до него тече река. Големото село Куратица има бројни цркви и манастири и во него се задржавме долг период. Сепак бевме доста успешни во пронаоѓањето на сите цркви, па дури и на малите параклиси, а до некои од нив имавме вистинска офроуд авантура.
Потоа, се упативме до селото Опеница, каде пожарот веќе беше доста активен и гореа големи површини шума. Селото поседува убаво уреден манастир, прилично нов. До црквата подигнати се убави манастирски конаци со соби за ноќевање.
Веќе кон втората половина на денот рековме да ги посетиме уште селата околу Косел, па така најпрвин отидовме до селото Сирула, кое е доста мало и останата е само црквата, додека многу стари куќи се руинирани. Подоцна, дента прв пат посетиме рамничарско село, Ливоишта, каде е сместена црквата „Св. Наум Охридски“, која била подигната во 1974 година. Селото Вапила, каде доста силно се чувствуваше чадот од активниот пожар е мало и со издолжен карактер, каде куќи се наоѓаат на патот, кој води до селото Расино, до кое исто така отидовме. Во Расино е изградена нова црква посветена на „Св. Никола Талалеј“ во 2002 година.
Веќе кон крајот на денот, се искачивме до познатото село Скребатно, каде наголемо течеа подготовките во манастирот „Св. Богородица“ за претстојниот празник Голема Богородица. Во селото успешно ги најдовме и останатите две цркви. Сепак, во селото одвај и да има некоја зачувана куќа.
Бидејќи беше планот да јадеме во Вила Минами, последното село дента беше Горно Коњско (или само Коњско), до кое води стрмен пат во должина од 3 километри. Со фотографирање на селската црква „Св. Мина“ успешно го завршивме првиот ден.
Втор ден
уредиВториот ден го започнавме од најјужното село во Охридско, односно Љубаништа. Бидејќи многу од црквите во селото беа веќе фотографирани, ние само направивме фотографии од селото, како и од главната селска црква.
Подоцна, се упативме кон селото Трпејца, кое иако се наоѓа веднаш до патот, не поседуваше многу фотографии, па ние ја најдовме главната селска црква и направивме фотографии од селото.
Во Пештани имавме проблем да ги изнајдеме сите цркви, но успешно ја најдовме средновековната црква „Св. Никола“ и главната селска црква „Св. Кузман и Дамјан“, како и новата црква „Св. Троица“.
Следно на список ни беше селото Елшани, кое наликува на селото Горно Коњско, како по патот до него, така и по местоположбата. Селската црква „Св. Илија“ е сместена во селото и преовладува во погледот на селото.
Откако се спуштивме од Елшани, отидовме кон селата Долно Коњско, за кое немавме среќа да ја најдеме црквата и се искачивме до Шипокно, над населбата Свети Стефан, каде се наоѓа истоимениот манастир сместен делумно во пештера.
Потоа, повторно се искачувавме на Галичица, одејќи кон Велестово, големо село, кое покрај главната селска црква, поседува уште една помала надвор од селото и една манастирска црква пред влезот во селото.
Во селото Рамне ги најдовме селската црква „Св. Илија“, сместена над сретселото, каде е сместена бистата на Јасна Ристеска, партизанка. Под селото е сместено и малото манастирче „Св. Атанасиј“, кое припаѓа на селото Рамне.
За крајот на денот се упативме кон селата Велгошти и Лескоец. Во двете села се задржавме долго време, бидејќи и двете села имаат над 15 цркви, а до некои од нив беше и тешко да се пристапи. Во Велгошти убаво се изненадивме од црквата „Св. Петка“, сместена на ридот Олмец, пештерната црква „Св. Богородица“, манастирската црква „Св. Илија“ и главната селска црква „Св. Климент Охридски“. Во селото Лескоец имавме малку полесна задача, бидејќи на истиот пат во селото се наоѓаат четири селски цркви: селската црква „Св. Спас“, поновата црква „Св. Никола“ во нејзина близина, црквата „Св. Тома“ и манастирската црква „Св. Наум Охридски“, каде што ја имавме и групната фотографија.
Исход
уредиНа крајот на експедицијата, поминавме 24 села и над 700 километри и најверојатно ќе го поставиме рекордот на подигнати фотографии од една експедиција.
Галерија
уреди-
Разговор со мештанин
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Вапила — село | Q3136225 | значително подобрена статија | |
2. | Црква „Св. Недела“ - Вапила — црква | Q73657467 | нова статија | |
3. | Косел — село | Q3136230 | значително подобрена статија | |
4. | Дувало — вулканска наобразба | Q5317613 | подобрена статија | |
5. | ПУ „Ванчо Николески“ - Косел — основно училиште | Q74248584 | нова статија | |
6. | Црква „Св. Илија“ - Косел — црква | Q74251881 | нова статија | |
7. | Црква „Св. Недела“ - Косел — црква | Q74254039 | нова статија | |
8. | Ливоишта — село | Q3074834 | значително подобрена статија | |
9. | ПУ „Ванчо Николески“ - Ливоишта — основно училиште | Q74074191 | нова статија | |
10. | Црква „Св. Наум Охридски“ - Ливоишта — црква | Q74079642 | нова статија | |
11. | Благојче Крстаноски — личност | Q20564108 | подобрена статија | |
12. | Расино — село | Q601253 | значително подобрена статија | |
13. | Црква „Св. Никола“ - Расино — црква | Q73800257 | нова статија | |
14. | Сирула — село | Q3074950 | значително подобрена статија | |
15. | Црква „Св. Никола“ - Сирула — црква | Q12911889 | нова статија | |
16. | Црква „Св. Никола“ - Косел (стара) — црква | Q20497737 | нова статија | |
17. | Црква „Св. Никола“ - Косел (нова) — црква | Q75114581 | нова статија | |
18. | Плаќе — село | Q3074970 | значително подобрена статија | |
19. | Црква „Св. Илија“ - Плаќе — црква | Q20500248 | нова статија | |
20. | Црква „Св. Недела“ - Плаќе — црква | Q75128672 | нова статија | |
21. | Речица (Охридско) — село | Q3074965 | значително подобрена статија | |
22. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Речица — црква | Q20497011 | нова статија | |
23. | Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Речица — црква | Q75180129 | нова статија | |
24. | Мокреш — река | Q20938389 | нова статија | |
25. | Свиништа — село | Q3136504 | значително подобрена статија | |
26. | Црква „Св. Никола“ - Свиништа — црква | Q75607915 | нова статија | |
27. | Параклис „Св. Ирина“ - Свиништа — параклис | Q75728697 | нова статија | |
28. | Завој (село) — село | Q3084839 | значително подобрена статија | |
29. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Завој — црква | Q76165998 | нова статија | |
30. | Опеница — село | Q3074957 | значително подобрена статија | |
31. | Црква „Св. Никола“ - Опеница — црква | Q20566708 | нова статија | |
32. | Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Опеница — црква | Q76857596 | нова статија | |
33. | Опенички манастир — манастир | Q76858175 | нова статија | |
34. | Куратица — село | Q3074830 | значително подобрена статија | |
35. | ПУ „Ванчо Николески“ - Куратица — основно училиште | Q77077978 | нова статија | |
36. | Црква „Св. Никола“ - Куратица — црква | Q77075271 | нова статија | |
37. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Куратица — црква | Q77080327 | нова статија | |
38. | Црква „Св. Димитриј“ - Куратица — црква | Q77077699 | нова статија | |
39. | Црква „Св. Симеон Столпник“ - Куратица — црква | Q77081160 | нова статија | |
40. | Куратички манастир — манастир | Q77082643 | нова статија | |
41. | Скребатно — село | Q766180 | значително подобрена статија | |
42. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Скребатно — црква | Q77856896 | нова статија | |
43. | Седма охридска парохија — црковна парохија | Q23015819 | значително подобрена статија | |
44. | Црква „Св. Константин и Елена“ - Скребатно — црква | Q77856567 | нова статија | |
45. | Црква „Св. Недела“ - Скребатно — црква | Q77854470 | нова статија | |
46. | Скребатински манастир — манастир | Q77962484 | нова статија | |
47. | Петта охридска парохија — црковна парохија | Q23015811 | значително подобрена статија | |
48. | Шеста охридска парохија — црковна парохија | Q23015820 | значително подобрена статија | |
49. | Рамне (Охридско) — село | Q3074624 | значително подобрена статија | |
50. | Црква „Св. Илија“ - Рамне — црква | Q20500252 | значително подобрена статија | |
51. | Црква „Св. Атанасиј“ - Рамне — црква | Q23005261 | значително подобрена статија | |
52. | Рамненски манастир — манастир | Q78161740 | нова статија | |
53. | Јасна Ристеска — личност | Q78217307 | нова статија | |
54. | Лескоец (Охридско) — село | Q3136404 | значително подобрена статија | |
55. | Црква „Вознесение Христово“ - Лескоец — црква | Q12293250 | значително подобрена статија | |
56. | Црква „Св. Тома“ - Лескоец — црква | Q78453158 | нова статија | |
57. | Црква „Св. Никола“ - Лескоец (Охридско) — црква | Q78453912 | нова статија | |
58. | Црква „Св. Наум Охридски“ - Лескоец — црква | Q78512155 | нова статија | |
59. | Лескоечки манастир — манастир | Q78513962 | нова статија | |
60. | Велгошка парохија — црковна парохија | Q52737475 | значително подобрена статија | |
61. | Велгошти — село | Q3136002 | значително подобрена статија | |
62. | ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти — основно училиште | Q20568585 | значително подобрена статија | |
63. | Црква „Св. Климент Охридски“ - Велгошти — црква | Q12911854 | значително подобрена статија | |
64. | Црква „Св. Димитриј“ - Велгошти — црква | Q79403407 | нова статија | |
65. | Црква „Св. Недела“ - Велгошти — црква | Q12911868 | значително подобрена статија | |
66. | Црква „Св. Илија“ - Велгошти — црква | Q79880429 | нова статија | |
67. | Велгошки манастир „Св. Илија“ — манастир | Q79880618 | нова статија | |
68. | Црква „Св. Петка“ - Велгошти — црква | Q79880864 | нова статија | |
69. | Велгошки манастир „Св. Петка“ — манастир | Q79881081 | нова статија | |
70. | Црква „Св. Богородица“ - Велгошти — црква | Q12911779 | значително подобрена статија | |
71. | Коселска парохија — црковна парохија | Q73663595 | значително подобрена статија | |
72. | Велестово — село | Q3135871 | значително подобрена статија | |
73. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велестово — црква | Q10950758 | значително подобрена статија | |
74. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Велестово — црква | Q80568003 | нова статија | |
75. | Деветта охридска парохија — црковна парохија | Q23015817 | значително подобрена статија | |
76. | Црква „Св. Троица“ - Велестово — црква | Q12911957 | нова статија | |
77. | Велестовски манастир — манастир | Q80571097 | нова статија | |
78. | Долно Коњско — село | Q3034219 | значително подобрена статија | |
79. | Елшани — село | Q2740573 | значително подобрена статија | |
80. | Пештанска парохија — црковна парохија | Q52738459 | значително подобрена статија | |
81. | Црква „Св. Илија“ - Елшани — црква | Q15957669 | значително подобрена статија | |
82. | Црква „Св. Мина“ - Елшани — црква | Q81209918 | нова статија | |
83. | Лагадин — село | Q3136390 | значително подобрена статија | |
84. | Црква „Св. Петка“ - Лагадин — црква | Q81541143 | нова статија | |
85. | Црква „Св. Софија, Вера, Нада и Љубов“ - Лагадин — црква | Q81541881 | нова статија | |
86. | Коњско (Охридско) — село | Q3074636 | значително подобрена статија | |
87. | Црква „Св. Мина“ - Коњско — црква | Q81436375 | нова статија | |
88. | Љубаништа — село | Q3084584 | значително подобрена статија | |
89. | Пештани (Охридско) — село | Q3084563 | значително подобрена статија | |
90. | Црква „Св. Никола“ - Љубаништа — црква | Q81798373 | нова статија | |
91. | Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Пештани — црква | Q20497054 | нова статија | |
92. | Црква „Св. Троица“ - Пештани — црква | Q83031528 | нова статија | |
93. | Црква „Св. Никола“ - Пештани — црква | Q83020446 | нова статија | |
94. | Трпејца — село | Q3039816 | значително подобрена статија | |
95. | Црква „Св. Никола“ - Трпејца — црква | Q83020446 | нова статија | |
96. | Шипокно — село | Q2963871 | значително подобрена статија | |
97. | Црква „Св. Стефан“ - Шипокно — црква | Q12293256 | значително подобрена статија | |
98. | Шипокнички манастир — манастир | Q83430466 | нова статија | |
99. | Наум Чакаров — личност | Q12287827 | нова статија | |
100. | Елешец — месност | Q11204916 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Општина Охрид на Ризницата ?
Четврта експедиција
уредиОпштина Долнени
уредиСо посетата на Општина Долнени, членовите на Викиекспедиции успешно ги завршија сите предвидени експедиции за 2019 година. И овој пат, составот беше Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски.
За разлика од другите експедиции, овој пат тргнавме рано наутро во сабота (19.10.2019). Поради близината и планот да започнеме со посета на селата во западниот дел на Општина Долнени, се упативме преку патот низ природниот резерват „Јасен“, со што заштедивме околу 60 километри.
Прв ден
уредиПрво посетено село беше Дебреште, каде се сместени многу верски објекти. Покрај новоизградените џамии, во селото постои и црквата „Св. Ѓорѓи“, изградена во 1932 година. Од таму, се упативме кон селото Ропотово, каде во поранешниот задружен дом, се наоѓаат подрачни канцеларии на општината и селото служи како средиште за сите околни села. Покрај селската црква, се искачивме и до започнатиот манастир во селото, од каде се пружа одличен поглед на овој дел од Пелагонија.
Потоа, планот беше да се движиме кон манастирот Зрзе, па попатно ги фативме и селата Рилево и Сливје. Тука се движевме по земјен пат. Двете села се доста опустошени, полни со руинирани куќи и одвај ги најдовме селските цркви.
Селото Зрзе има интересна селска архитектура, додека истоимениот манастир е доста уреден, беше исполнет со верници и посетители.
По малата пауза таму, се упативме кон селото Костинци, од кое веќе поседувавме фотографии. Сепак, направивме подобро фотографии и селската црква, која е сместена на патот за селата Маргари и Долгаец, кои се наоѓаат на мала оддалеченост едно од друго.
Потоа, отидовме во албанското село Црнилиште, во кое се уредуваше парк на сретселото, но сепак целото село е доста прашливо и неуредено, иако е едно од најголемите во областа.
Селото Стровија јасно се гледаше и многу лесно ја воочивме селската црква, но сепак во тесните селски сокачиња успеавме да го утнеме пристапниот пат до нејзе. На крајот, успеавме да дојдеме до нејзе, како и до манастирот над селото, кој има доста уреден двор.
Во селото Гостиражни, во кое можевме да забележиме дека се менува етничката состојба, христијаните од селото заедно со иселеници, го обновуваат и доградуваат манастирот над селото. Тука, ја добивме првата покана за ракија на експедицијата :)
Веќе кон крајот на денот, отидовме до селото Слепче, во кое исто така се наоѓа манастир. Истоименото село во Демирхисарско, исто така, поседува манастир. Сепак, манастирот во прилепското село се наоѓа во доста запуштена состојба, а пред влезот се наоѓа бачило, а до него и свињарска фарма.
Денот го завршивме во селото Браилово, односно во неговиот манастир „Св. Илија“, сместен на рид над селото.
Втор ден
уредиБидејќи бевме сместени во Варош, утрото во неделата преку Мажучиште стигнавме многу брзо до првото село од Општина Долнени. Така, набрзо лесно ги поминавме селата Мало Мраморани, Забрчани и Дупјачани. Во Дупјачани повеќе пати ќе се враќаме, бидејќи тоа е средиште за повеќе села од овој дел.
Најпрвин, отидовме до Горно Село, до кое води само земјен пат. Црквата сместена на крајот од селото претпоставуваше мал предизвик, но сепак успешно дојдовме до нејзе.
Потоа, по асфалтен пат отидовме во селото Небрегово, најмногу познато како родно место на Блаже Конески. Бидејќи спомен-куќата е доста фотографирана, ние се осврнавме на селската црква, која е во доста лоша состојба и на манастирот, до кој води лош земјен пат. Манастирот е доста уреден, иако има лош пристап.
Откако по втор пат се вративме до Дупјачани, по асфалтен пат отидовме до селото Дреновци, каде имаа слава во манастирот и бевме поканети на ручек. Воедно, ни се пожалија за асфалтниот пат до селото, кој навистина е во прилично лоша состојба.
Оттука, отидовме во селото Десово, кое претставува мешано село. Селската црква сместена на рид преовладува во селото.
Мислејќи дека има асфалтен пат, отидовме преку Брајчино во Секирци и Пешталево. Беше интересна авантура и на места имаше добар земјен пат.
Откако повторно дојдовме во Ропотово, се упативме кон напуштеното село Дабјани, односно до неговата местоположба на карта, каде затекнавме само темели на некогашните објекти во тоа село, сместени сред ниви. Оттука, отидовме и до некогашниот Аеродром Сарандиново, чија писта е препуштена на пирејот.
Пред да го посетиме општинското средиште Долнени, отидовме до селата Бело Поле, Кутлешево и Новоселани. Во Кутлешево е започната нова голема црква, сместена на патот кон Бело Поле. Со фотографирањето на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Новоселани, сега имаме фотографии и од оваа истоимена црква во истоименото село, како битолското Новоселани со црква „Св. Ѓорѓи“.
Со фотографирањето на Долнени, селото кое не е најголемо во областа, но е општинско средиште, и селото Сенокос, ја завршивме експедицијата.
Исход
уредиСо посетени 30 села и поминати 500 километри, од кои повторно голем дел на земјен терен, ја заокруживме годината 2019, која е најуспешна во поглед на посетени села и направени фотографии.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Долна џамија (Дебреште) — џамија | Q83364654 | нова статија | |
2. | Камена џамија (Дебреште) — џамија | Q83364708 | нова статија | |
3. | Средна џамија (Дебреште) — џамија | Q83364712 | нова статија | |
4. | Горна џамија (Дебреште) — џамија | Q83364717 | нова статија | |
5. | Баталоска џамија — џамија | Q83364721 | нова статија | |
6. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дебреште — црква | Q83364788 | нова статија | |
7. | ОУ „Вера Циривири - Трена“ - Дебреште — основно училиште | Q20568365 | подобрена статија | |
8. | Параклис „Св. Архангел Михаил“ - Ропотово — параклис | Q83371247 | нова статија | |
9. | Црква „Св. Троица“ - Ропотово — црква | Q20499588 | подобрена статија | |
10. | Ропотовски манастир — манастир | Q83371440 | нова статија | |
11. | Црква „Св. Атанасиј“ - Ропотово — црква | Q83371808 | нова статија | |
12. | ОУ „Ѓорче Петров“ - Ропотово — основно училиште | Q12909028 | подобрена статија | |
13. | Црква „Св. Атанасиј“ - Рилево — црква | Q20500369 | подобрена статија | |
14. | Црква „Св. Атанасиј“ - Сливје — црква | Q83409464 | нова статија | |
15. | Црква „Св. Никола“ - Зрзе — црква | Q83409677 | нова статија | |
16. | Црква „Св. Илија“ - Долгаец — црква | Q83528893 | нова статија | |
17. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Маргари — црква | Q83530764 | нова статија | |
18. | Долгаечка Река — река | Q20949146 | нова статија | |
19. | Горна џамија (Црнилиште) — џамија | Q83532277 | нова статија | |
20. | Долна џамија (Црнилиште) — џамија | Q83532278 | нова статија | |
21. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци — црква | Q22205199 | подобрена статија | |
22. | Строшка Река — река | Q20936204 | нова статија | |
23. | Планинарски дом „Стровија“ — планинарски дом | Q83542521 | нова статија | |
24. | Строшки манастир — манастир | Q83543469 | нова статија | |
25. | Црква „Св. Недела“ - Стровија — црква | Q83543847 | нова статија | |
26. | Црква „Св. Илија“ - Стровија — црква | Q83544107 | нова статија | |
27. | Гостирашки манастир — манастир | Q83795569 | нова статија | |
28. | Црква „Св. Петка“ - Гостиражни — црква | Q83795579 | нова статија | |
29. | Црква „Св. Атанасиј“ - Гостиражни — црква | Q83795588 | нова статија | |
30. | ПУ „Исмаил Ќемали“ - Гостиражни — основно училиште | Q83795720 | нова статија | |
31. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Слепче — црква | Q83795595 | нова статија | |
32. | Слепченски манастир (Прилепско) — манастир | Q12293219 | нова статија | |
33. | Црква „Св. Никола“ - Слепче (Прилепско) — црква | Q83961365 | значително подобрена статија | |
34. | Црква „Св. Недела“ - Браилово — црква | Q83961783 | нова статија | |
35. | Браиловски манастир — манастир | Q83961837 | нова статија | |
36. | Црква „Св. Илија“ - Браилово — црква | Q83961944 | нова статија | |
37. | ЖС „Браилово“ — железничка станица | Q12906428 | подобрена статија | |
38. | Црква „Св. Атанасиј“ - Забрчани — црква | Q83962724 | нова статија | |
39. | ПУ „Пере Тошев“ - Дупјачани — основно училиште | Q83962780 | нова статија | |
40. | Црква „Пресвета Богородица“ - Горно Село — црква | Q20498624 | нова статија | |
41. | Црква „Св. Никола“ - Небрегово — црква | Q20499221 | нова статија | |
42. | Небреговски манастир — манастир | Q20497405 | нова статија | |
43. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Небрегово — црква | Q83962943 | нова статија | |
44. | Манастириште (Небрегово) — археолошко наоѓалиште | Q31361421 | подобрена статија | |
45. | ПУ „Пере Тошев“ - Дреновци — основно училиште | Q84081046 | нова статија | |
46. | Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци — црква | Q15908965 | подобрена статија | |
47. | Дреновечки манастир — манастир | Q84081164 | нова статија | |
48. | Црква „Св. Атанасиј“ - Дреновци — црква | Q20498878 | подобрена статија | |
49. | Џамија (Десово) — џамија | Q84081202 | нова статија | |
50. | Црква „Св. Троица“ - Десово — црква | Q84081214 | нова статија | |
51. | ОУ „Пере Тошев“ - Десово — основно училиште | Q84081224 | нова статија | |
52. | ПУ „Ѓорче Петров“ - Секирци — основно училиште | Q84081248 | нова статија | |
53. | Црква „Св. Атанасиј“ - Секирци — црква | Q20499460 | подобрена статија | |
54. | Нова џамија (Пешталево) — џамија | Q84081267 | нова статија | |
55. | Црква „Пресвета Богородица“ - Пешталево — црква | Q84081277 | нова статија | |
56. | Леталиште Сарандиново — аеродром | Q11824351 | подобрена статија | |
57. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сарандиново — црква | Q84081329 | нова статија | |
58. | Црква „Св. Никола“ - Бело Поле — црква | Q84308312 | нова статија | |
59. | Белополски манастир — манастир | Q84308442 | нова статија | |
60. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Бело Поле — црква | Q84308447 | нова статија | |
61. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Новоселани (Прилепско) — црква | Q84308449 | нова статија | |
62. | ОУ „Пецо Даскалот“ - Долнени — основно училиште | Q12909223 | подобрена статија | |
63. | Црква „Св. Троица“ - Долнени — црква | Q84308855 | нова статија | |
64. | Црква „Вознесение Христово“ - Долнени — црква | Q22978351 | подобрена статија | |
65. | Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокос — црква | Q20500395 | подобрена статија | |
66. | Зрзески манастир — манастир | Q3070266 | значително подобрена статија | |
67. | Црква „Св. Преображение“ - Зрзе — црква | Q84407277 | нова статија | |
68. | Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе — црква | Q84407566 | нова статија | |
69. | Долненско-секиречка парохија — црковна парохија | Q84408032 | нова статија | |
70. | Ропотовска парохија — црковна парохија | Q20574489 | подобрена статија | |
71. | Варошка парохија — црковна парохија | Q12905467 | подобрена статија | |
72. | Дебреште — село | Q3020950 | значително подобрена статија | |
73. | Ропотово — село | Q2507324 | значително подобрена статија | |
74. | Жабјани — село | Q3075211 | значително подобрена статија | |
75. | Рилево — село | Q3074938 | подобрена статија | |
76. | Сливје — село | Q3074972 | значително подобрена статија | |
77. | Зрзе — село | Q3075351 | подобрена статија | |
78. | Долгаец — село | Q3033902 | подобрена статија | |
79. | Маргари — село | Q3075230 | подобрена статија | |
80. | Црнилиште — село | Q339762 | значително подобрена статија | |
81. | Костинци — село | Q2507230 | подобрена статија | |
82. | Стровија — село | Q3075262 | подобрена статија | |
83. | Гостиражни — село | Q2507247 | подобрена статија | |
84. | Слепче (Прилепско) — село | Q3074701 | подобрена статија | |
85. | Браилово — село | Q2924182 | значително подобрена статија | |
86. | Забрчани — село | Q3074786 | значително подобрена статија | |
87. | Дупјачани — село | Q3038144 | значително подобрена статија | |
88. | Горно Село — село | Q3074951 | значително подобрена статија | |
89. | Небрегово — село | Q3084662 | значително подобрена статија | |
90. | ПУ „Пере Тошев“ - Небрегово — основно училиште | Q97062865 | нова статија | |
91. | Мало Мраморани — село | Q3074986 | значително подобрена статија | |
92. | Дреновци — село | Q3039360 | значително подобрена статија | |
93. | Десово — село | Q3024547 | значително подобрена статија | |
94. | Секирци — село | Q3074616 | подобрена статија | |
95. | Пешталево — село | Q3075252 | значително подобрена статија | |
96. | Сарандиново — село | Q3075372 | значително подобрена статија | |
97. | Дабјани — село | Q3011620 | значително подобрена статија | |
98. | Бело Поле — село | Q2895043 | значително подобрена статија | |
99. | Кутлешево — село | Q3074650 | значително подобрена статија | |
100. | Новоселани (Прилепско) — село | Q1229855 | значително подобрена статија | |
101. | Долнени — село | Q2378380 | значително подобрена статија | |
102. | Сенокос (Прилепско) — село | Q671972 | подобрена статија | |
103. | Пеце Атанасовски — личност | Q12909543 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Општина Долнени на Ризницата ?