Црква „Св. Атанасиј“ - Рилево

црква во селото Рилево

Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Рилево.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°29′14.8″N 21°21′39.1″E / 41.487444° СГШ; 21.360861° ИГД / 41.487444; 21.360861Координати: 41°29′14.8″N 21°21′39.1″E / 41.487444° СГШ; 21.360861° ИГД / 41.487444; 21.360861
Место Рилево
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1626/1627
Архитектонски опис

Историја уреди

Според ктиторскиот натпис во прозорецот на јужната певница, црквата била изградена од мајсторот Иван од Кичево. Фрескописана била во 1626/1627 година од зографот Јон од грамоското влашко село Линотопи.[2][3][4]

Архитектура уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на источната страна. На јужниот ѕид има ниша со фреска, а фрескописан и источниот ѕид во делот над апсидата. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана. Фреските се со понизок квалитет. Фигурите се со рамни тела, без снага и без хармонични пропорции.[5][6]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се неоѓа непосредно од левата страна од влезот на црквата. Таа има шестаголна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна и пред него има натстрешница покриена со ќерамиди, додека над натстрешницата има квадратно окно.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 583. ISBN 978-608-203-023-4.
  3. „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Βλάχοι.net. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 2019-03-14.
  4. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 277.
  5. „Историја на уметност“. Општина Прилеп. 7 април 2014. Архивирано од изворникот на 2017-12-09. Посетено на 2019-03-14.
  6. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 165.

Надворешни врски уреди