Црква „Св. Недела“ - Плаќе
црква во селото Плаќе
Света Недела — понова селска црква во охридското село Плаќе.[1]
Света Недела
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Коселска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′28.9″N 20°57′55.8″E / 41.208028° СГШ; 20.965500° ИГД |
Место | Плаќе |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела |
Изградба | 2000 |
Завршено | 2001 |
Осветување | 14 јули 2001 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата е изградена пред самото село, од десна страна на патот кој води до него. Таа е изградена стотина метри северно од истоименото археолошко наоѓалиште.[2]
Историја
уредиКамен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 11 јуни 2000 година. Црквата била завршена следната година и била осветена на 14 јули 2001 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна. Била градена со бигор, а апсидата на црквата е полукружна.[2]
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Фреска над влезот
-
Главниот влез
-
Трпезарија
-
Помошни простории
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 47. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ОХРИДСКО: Плаќе и Рамне мали села со многу свети места“. Denesen.mk. Посетено на 2019-11-15.
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-11-15.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Недела“ - Плаќе на Ризницата ?