Црква „Св. Никола“ - Пештани

црква во селото Пештани

Свети Никола — понова селска црква во охридското село Пештани.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Пештанска
Местоположба

Карта

Координати 41°1′2″N 20°48′38″E / 41.01722° СГШ; 20.81056° ИГД / 41.01722; 20.81056
Место Пештани
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1505
2007 (обновување)
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата е сместена во средишниот дел на селото Пештани, веднаш до трафостаницата.[2] Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Историја

уреди

По 1995 година била откриена основата на средишниот дел на црквата, која продолжува под новоизградената трафостаница. На ова место биле остатоците на некогашната џамија во селото, која го опслужувала поранешното муслиманското малцинство во селото.[3] Таа пак, била изградена на основа на старата средковековна црква „Св. Никола“. Северно од овие остатоци се наоѓаат гробни конструкции.[2] Според некои написи, откриената црква потекнува од 1505 година.[4]

Црквата започнала да се обновува на 19 мај 2007 година, кога бил поставен камен-темелникот врз старите темели од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.[4]

Архитектура

уреди

Фрескоживопис

уреди

Црквата е фрескоживописана.

Иконостас

уреди

Црквата поседува иконостас.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Wayback Machine“. web.archive.org. 2017-07-29. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 2020-01-18.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-18.

Надворешни врски

уреди