Црква „Св. Петар“ - Радобор
Свети Петар (во пишаните извори означувана како Свети Петар и Павле) — главна селска црква во селото Радобор.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Свети Петар
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Беранечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°07′04.5″N 21°26′32.5″E / 41.117917° СГШ; 21.442361° ИГД |
Место | Радобор |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостол Петар |
Завршено | 1891 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1891 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна до која е доградена припрата, а црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна. Над споредниот влез има празна ниша со мермерна плоча на која се испишани податоци за црквата. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, како и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата на дворот од црквата, непсоредно од левата страна на влезната порта. Таа има квадратна основа во долниот и осумаголна во горниот дел. Долниот дел се состои од три скалески подделови. Горниот дел од камбанаријата содржи по два реда монофори, распоредени по една на секоја од осумте страни.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Плочата над споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Радобор Архивирано на 5 јули 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петар“ - Радобор на Ризницата ?