Велгошки манастир „Св. Илија“

манастир во Македонија

Велгошки манастир „Св. Илија“манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Велгошти.

Велгошки манастир „Св. Илија“
Портата во манастирот
Информации
Целосно имеВелгошки манастир „Св. Илија“
Други имињаМанастир „Свети Илија“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Илија
ЕпархијаДебарско-кичевска
ЦрквиЦрква „Св. Илија“
Личности
Место
Местово близина на Велгошти, Општина Охрид Македонија Македонија
Координати41°7′58″N 20°50′51″E / 41.13278° СГШ; 20.84750° ИГД / 41.13278; 20.84750
Видливи остатоциедна црква, помошни објекти, трпезарија
Отворен за јавностада
Други информации(Велгошка парохија)

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа над селото Велгошти. До неговите порти води асфалтиран пат.

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, спомен-куќа, спомен-чешма, помошни објекти и трпезарија.

Црква „Св. Илија“

уреди

Црквата била подигната во 1937 година и истата била значително обновена во 1970 година. За истата се верува дека е подигната на темели на постара градба.

Други објекти

уреди

Мештаните имаат подигната спомен-куќа и спомен-чешма во рамки на манастирот.[1]

Овие два објекти биле подигнати во чест на бурните моменти случени во близината на манастирот над селото Велгошти во текот на 1940-тите години. Тогаш имало судири помеѓу мештаните и жители од Охрид со српската жандармерија и со бугарската фашистичка војска.[1]

Собири

уреди

Секоја година, манастирот организира општонароден собир на празникот Ѓурѓовден и на празникот Илинден. На првиот празник доаѓаат мештаните, додека на вториот празник покрај мештаните, на излет доаѓаат многу други гости.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.