Црква „Св. Никола“ - Трн

црква во селото Трн

Свети Никола — главна селска црква во селото Трн.[1] Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Могилска
Местоположба

Карта

Координати 41°04′22″N 21°24′45.4″E / 41.07278° СГШ; 21.412611° ИГД / 41.07278; 21.412611
Место Трн
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Архитектура уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Во продолжение на западната страна, пред влезната врата е доградена припрата која е заградена со странични ѕидови. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има празна полукружна ниша. Објектот е изграден од камен и тули, а покриен е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од три дела, така што најдолниот е со најголема, а најгорниот со најмала основа. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна, а во најгорниот дел над него има бифора. Во долниот дел на западната страна има фреска над која е испишан датумот 5 октомври 1939 година.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 13. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди