Црква „Св. Јован Крстител“ - Небрегово
Свети Јован Крстител – манастирска црква на Небреговскиот манастир.[1]
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°27′41.2″N 21°34′13.9″E / 41.461444° СГШ; 21.570528° ИГД |
Место | Небрегово |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Крстител |
Завршено | 1970 |
Осветување | 17 мај 1992 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1970 година по барање на селскиот црковен одбор на место каде што во минатото се наоѓала постара црква. Темелите на новоизградената црква биле осветени на 17 мај 1992 година.[2] На камбанаријата има ктиторски натпис од кој се забележува дека била изградена во 2014 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Глсавниот влез се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Јован Крстител. Внатрешноста на црквата е делумно зографисана, а иконостасот содржи икони во три реда.
Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно пред главниот влез на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот во целост е застаклен, додека горниот дел е отворен и ограден со метална ограда. Од другата страна на црквата, непосредно до апсидата, се наоѓа археолошкото наоѓалиште Манастириште, каде што се среќаваат остатоци од ранохристијанска базилика.[3]
Галерија
уреди-
Јужната и источната страна на црквата
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
-
Фреска на Исус
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово“. OldPrilep. 25 мај 2012.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Крстител“ - Небрегово на Ризницата ?