Црква „Св. Недела“ - Косел
црква во селото Косел
Света Недела — помала црква во охридското село Косел.[1]
Света Недела
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Коселска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°10′31.9″N 20°50′17″E / 41.175528° СГШ; 20.83806° ИГД |
Место | Косел |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела |
Изградба | 1996 |
Завршено | 2004 |
Осветување | 26 октомври 2004 |
Зограф | Тони Милцов |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа на излез од селото, непосредно до патот Охрид-Ресен.
Историја
уредиКамен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 8 септември 1996 година, а целосно била завршена во 2004 година. Осветувањето на црквата било направено на 26 октомври 2004 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.[2]
Архитектура
уредиВо црквата постои фрескоживопис, кој бил насликан од уметникот Тони Милцов од Охрид. Иконостасот од резба бил изработен во фабриката „ЕМО“.[2]
Галерија
уреди-
Страничен поглед
-
Влезот
-
Некогашен параклис
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-11-09.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Недела“ - Косел на Ризницата ?