Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ивањевци.[1] Црквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′32.6″N 21°21′41″E / 41.209056° СГШ; 21.36139° ИГД |
Место | Ивањевци |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Завршено | 1847 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1847 година, а била обновувана во 1932 и 2005 година.[2] Од натписна плоча на еден од помошните објекти се забележува дека кровот на црквата бил обновен со средства обезбедени од иселеници од селото во Австралија во декември 2002 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на Свети Ѓорѓи. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, неколку помошни објекти и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од градбата на храмот. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Во најдолниот дел на западната страна се наоѓа влезот, а во средниот дел над него има правоаголен отвор, додека во најгорниот дел на секоја страна има по два хоризонтално поставени правоаголни отвори.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Јужната страна на црквата
-
Главниот влез на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Помошен објект
-
Натписна плоча на еден од помошните објекти
-
Западната страна на камбанаријата
-
Источната страна на камбанаријата
-
Базен за верски обреди
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Ивањевци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ивањевци на Ризницата ?