Црква „Св. Атанасиј“ - Ропотово
манастирска црква на Ропотовскиот манастир
Свети Атанасиј — манастирска црква во изградба на Ропотовскиот манастир.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Ропотовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°27′43″N 21°22′32.2″E / 41.46194° СГШ; 21.375611° ИГД |
Место | Ропотово |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | 10 октомври 2016 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 10 октомври 2016 година од страна митрополитот на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар.[1][2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата се очекува да биде крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна и две полукружни крила на северната и јужната страна. Влезот се очекува да биде сместен на западната страна. Објектот се гради од тули.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Осветување на темели за манастир Св. Атанасиј во Ропотово, Прилеп“. Преспанско-пелагониска епархија. 10 октомври 2016.
- ↑ „Ропотово“. OldPrilep. 10 декември 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Ропотово на Ризницата ?