Пештанска парохија

парохија на МПЦ-ОА

Пештанска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Охридското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во селото Пештани. Моментално, парохиски свештеник е Атанас Казанџиски.[1]

Црквата „Св. Кузман и Дамјан“ е седиште на Пештанската парохија

Во составот на оваа парохија се селата Пештани, Елшани, Горно и Долно Коњско, Трпејца, Љубаништа, како и населбите Елешец и Лагадин.

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име место изградена слика
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ Пештани 1844
(главна парохиска црква)
 
Црква „Св. Богородица Пештанска“ Пештани XIV век  
Црква „Св. Троица“ Пештани 1987  
Црква „Св. Никола“ Пештани 2009  
Црква „Св. Никола Летен“ Пештани 2005
Црква „Св. Ѓорѓи“ Пештани 2001
Црква „Св. Петка“ Пештани 1947
Црква „Св. Илија“ Елшани XV век  
Црква „Св. Мина“ Елшани 1994  
Црква „Св. Недела“ Долно Коњско 2007
Црква „Св. Мина“ Горно Коњско 1927  
Црква „Св. Никола“ Трпејца 2005  
Црква „Св. Богородица“ Трпејца 1299  
Црква „Вознесение Христово“ Трпејца  
Црква „Св. Софија, Вера, Нада и Љубов“ Лагадин 2000  
Црква „Св. Петка“ Лагадин 2013  
Црква „Св. Никола“ Љубаништа  
Пештерна црква „Св. Никола“ Љубаништа XIV век  
Црква „Св. Атанасиј“ Љубаништа  
Црква „Св. Богородица“ Љубаништа  
Црква „Св. Петка“ Љубаништа  
Црква „Св. Архангели“ Љубаништа IX век  
Црква „Св. Кирил и Методиј“ Љубаништа  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Велгошка парохија“. Посетено на 2020-01-06.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди

41°0′53.9″N 20°48′36.79″E / 41.014972° СГШ; 20.8102194° ИГД / 41.014972; 20.8102194