Скребатински манастир
Скребатински манастир — манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Скребатно.
Поглед на црквата со камбанаријата | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Скребатински манастир |
Други имиња | Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Пресвета Богородица |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Цркви | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Скребатно, Општина Охрид Македонија |
Координати | 41°9′01″N 20°53′13″E / 41.15028° СГШ; 20.88694° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, помошни објекти, конак, трпезарија |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Седма охридска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа над селото Скребатно. До неговите порти води асфалтиран пат.
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, конак и трпезарија.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“
уредиЦрквата се верува дека потекнува од XVI век, која значително била поправена во 1922 година. Била обновена и доградена во 2003 година.
Други објекти
уредиМанастирот поседува огромна одржувана ливада, чешма, како и дебели сенки, погодни за одмор и рекреација. Во склоп на манастирот се наоѓаат објекти каде може да се приготвува храна, а манастирот поседува и црковна кујна.[1]
Собир на Голема Богородица
уредиСекоја година, манастирот организира општонароден собир на празникот Голема Богородица, кога се собираат и повеќе од 5.000 гости од земјата и од странство. За време на собирот се организираат два настани, лицитација на црковниот бајрак и ордија (заеднички ручек).[1]
Лицитација на бајрак
уредиЦеремонијата започнува со кревање на црковните бајраци и икони, со кои се врши обиколување на црквата. На чело на поворката е свештеникот, а по него одат носителите на бајраците и иконите. Откако ќе се завртат три круга, поворката запира во црковниот двор, каде што започнува лицитацијата. Право на учество имаат сите на собирот. На крајот, оној што ќе даде најмногу станува кум и сопственик на бајракот до следниот празник.[1]
Ордија
уредиНа празникот Голема Богородица се колат околу 50 јагниња и се готви заеднички ручек во десетина казани. Сето тоа е долгогодишна традиција, која настанала така што некогаш некој овчар заедно со своето стадо бил зафатен од големо невреме. Од невремето бил спасен така што се молел на Богородица и ветил дека секоја година ќе дарува по 3 овци. Така, на овој ден се дели благословен ручек на ливадата до црквата. Ручекот се послужува во земјени чинии и дрвени лажици.[1]
Галерија
уреди-
Уредениот двор
-
Манастирската чешма
-
Конакот
-
Поглед на конакот
-
Ливадата
-
Манастирскиот двор
-
Гробишта во манастирскиот двор
-
Уредена ливада
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
Надворешни врски
уреди- Скребатински манастир на Ризницата ?