Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Црничани.[1] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Добрушевско-дедебалска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°07′19.8″N 21°32′23.3″E / 41.122167° СГШ; 21.539806° ИГД |
Место | Црничани |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која се прикажани Богородица Марија и Исус Христос. Објектот е изграден е од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига во продолжение на помошниот објект. Нејзиниот влез се наоѓа на јужната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Камбанаријата и помошниот објект, слично како и црквата, се изградени од камен.
Галерија
уреди-
Западната страна на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Помошниот објект со камбанаријата во позадина
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани на Ризницата ?