Седма охридска парохија
парохија на МПЦ-ОА
Седма охридска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Охридското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Ѓорѓи“ во градот Охрид. Моментално, парохиски свештеник е Кирил Јованоски.[1]
Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Ѓорѓи“ (парохиска црква) |
Охрид | 1834 | |
Црква „Лазарево Воскресение“ | Охрид | XXI век | |
Црква „Вознесение Христово“ | Лескоец | 1462 | |
Црква „Св. Никола“ | Лескоец | 1995 | |
Црква „Св. Илија“ | Лескоец | 1996 | |
Црква „Св. Наум Охридски“ | Лескоец | втора половина на XX век | |
Црква „Св. Тома“ | Лескоец | 2001 | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Скребатно | 1922 | |
Црква „Св. Константин и Елена“ | Скребатно | 1999 | |
Црква „Св. Недела“ | Скребатно | 2004 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Седма охридска парохија“. Посетено на 2019-12-07.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.