Црква „Св. Ѓорѓи“ - Слепче
црква во селото Слепче
Свети Ѓорѓи – главна селска црква во селото Слепче.[1] Сместена е во северниот дел од селото.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′04.4″N 21°27′07.3″E / 41.501222° СГШ; 21.452028° ИГД |
Место | Слепче (Прилепско) |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Завршено | XVII-XVIII век |
Живопис | XVII-XVIII век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена и живописана во периодот од XVII-XVIII век, а била обновена во XIX век.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Кон западниот ѕид на црквата е доградена припрата со два влеза — еден на западната и еден на јужната страна. На јужната страна од храмот има ниша со фреска во лоша состојба. Објектите на црквата и прилепениот помошен објект во целост се обоении во бела боја и се покриени со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има уште еден помошен објект, а во него се сместени и селските гробишта.
Галерија
уреди-
Јужната страна на црквата
-
Нишата на јужната страна
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Западната страна на помошниот објект
-
Икона на Свети Ѓорѓи во црквата
-
Помошниот објект во дворот на црквата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Георгиј“, село Слепче“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Слепче на Ризницата ?