Црква „Св. Илија“ - Браилово
Свети Илија – манастирска црква на Браиловскиот манастир.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′01.6″N 21°27′44.6″E / 41.467111° СГШ; 21.462389° ИГД |
Место | Браилово |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | почеток на XX век |
Осветување | 12 октомври 1975 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена на почетокот на XX век на местото на истоименото археолошко наоѓалиште. Нејзината изградба е поттикната од мештаните на чело со Јован Павлоски. Осветена е на 12 октомври 1975 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј по налог на Митрополит Преспанско-битолски г. Климент.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над влезната врата има црно-бела слика на Свети Илија, а над сликата има ниша со фреска на која е прикажан патрониот светец.
Камбанаријата на црквата се издига во средишниот дел од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по еден отвор. Влезот на камбанаријата е сместен на источната страна.
Галерија
уреди-
Западната страна на црквата
-
Сликата и нишата над влезот
-
Апсидата
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Илија“, село Браилово“. OldPrilep. 3 август 2013.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Браилово на Ризницата ?