Благојче Крстаноски

македонски бранител

Благојче Крстаноски (Ливоишта, Охрид, 29 март 1974Горно Блаце, Скопска Црна Гора, 7 април 1999) — македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Се претпоставува дека е убиен од британските САС, бидејќи за време на косовската војна извршуваа тајни акции и соработувања со терористичката ОВК. Сторителите професионално го извршиле убиството. Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.[1]

Благојче Крстаноски
29.03.1972 – 07.04.1999

Роден во:Ливоишта, Охрид, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Горно Блаце
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Професионален
војник во АРМ
Одличја: Медал за храброст

Смрт уреди

 
Спомен чешма во чест на Благојче Крстаноски во родното село Ливоишта, подигнат 2017 година.[2]

Првата жртва на вооружените сили во независна Македонија уреди

Ден денес за смртта на Благојче, професионален војник во АРМ и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Претпоставка е дека е убиен од британските САС, бидејќи наводно во тој период за време на косовската војна САС соработувале со Косоварите. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче.

Според колегата, пред завршувањето на смената заминал да се бања, а во тоа време Благојче го поправал неговиот часовник на балконот бидејќи знаел да поправа некој проблеми на часовниците за кои се интересирал уште од детството. Кога колегата излегол од бањата се слушнале неколку кратки рафали од автоматско оружје, тогаш Благојче ја зел пушката, и тоа без снајпер, и трчал кон местото, а колегата бил едно 200м зад него. Колегата неколкупати свикал кон Благојче да се врати бидејќи можно е да биде стапица. Благојче одби и рекол:

Нема што да чекаме, должни сме да ја браниме нашата татковина!

Крстаноски застанал на една карпа во лежачка положба и го барал напаѓачот. Напаѓачот бил под карпата и го пукал со скорпион со придушувач во градите. Дури и кога неговиот колега пристигнал со трчање не го видел сторителот воопшто. После неколку дена односно кога му направија обдукција на телото на Благојче, неговиот колега рашетувајќи го теренот околу карпата наоѓал чаури под карпата, идентични на тие што кога се пукало во Благојче. Тогаш бараа отпечатоци но никако не можат да најдат, што претпоставката повеќе води кон британските САС бидејќи ова дело е сторено професионално. Ден денес колегата му го чува часовникот облеан со крв и се колни дека никогаш нема да ја избриши кртвтата. Сторителот на ова дело никогаш не е фатен.

При одбележувањето на годишнината од неговиот прерано згаснат живот, кумот на Благојче кој истовремено му бил мајор, изјавил дека тој, денови пред да се случи убиството бил дојден на боледување. Беше болен и се лечеше во касарната. Кога Благојче се поздравил со кумот му рече: „Господине мајоре, куме јас утре заминувам на караула“. Мајорот му наредил да остане, за да не биде товар на старешините и на другарите. Благојче го одбил со зборовите: „Јас не можам да ги оставам другарите“, при што заминал.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.[3][4]

Наводи уреди

  1. „Споменикот за бранителите се фрла од мене до тебе“. Вест. 17 мај 2003. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2015-08-30.
  2. „Откриено спомен обележје на херојот од Ливоишта Благојче Крстаноски“. tvm.mk. 7 април 2017.
  3. „Сиднеј, Пекинг, Истанбул, Волино“. Вест. 17 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2016-02-22. Посетено на 2015-08-30.
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.