Путурушки манастир
манастир во близина на селото Путурус
Путурушки манастир — манастир во југозападна Македонија, во близина на селото Путурус.[1]
Камбанаријата во дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Путурушки манастир |
Други имиња | Манастир „Света Петка“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Света Петка |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Петка“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Путурус, Општина Могила Македонија |
Координати | 41°07′57.5″N 21°31′48″E / 41.132639° СГШ; 21.53000° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, помошен објект, камбанарија |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Добрушевско-дедебалска парохија) |
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, помошен објект и камбанарија.
Црква „Света Петка“
уредиЦрквата била осветена од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 30 септември 2017 година.[2][3]
Камбанарија
уредиКамбанаријата се издига во непосредна близина на црквата. Таа има квадратна основа, нејзиниот влез се наоѓа на западната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Градбата во целост е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Наводи
уреди- ↑ „Путурус Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.
- ↑ „Беседа на осветувањето на храмот Света Петка, село Путурус – 30.09.2017“. Преспанско-пелагониска епархија. 3 октомври 2017.
- ↑ Ш., В.. „Осветен храмот Св.Петка во с.Путурус Архивирано на 1 август 2019 г.“. ТВ Тера. 2 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Путурушки манастир на Ризницата ?