Ропотовски манастир
манастир во близина на селото Ропотово
Ропотовски манастир — манастир во изградба во југозападна Македонија, во близина на селото Ропотово.[1]
Црквата со конакот во позадина | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Ропотовски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Атанасиј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Атанасиј Александриски |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Атанасиј“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Ропотово, Општина Долнени Македонија |
Координати | 41°27′43.3″N 21°22′32.3″E / 41.462028° СГШ; 21.375639° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Ропотовска парохија) |
Историја
уредиТемелите за изградба на манастирот биле осветени на 10 октомври 2016 година од страна митрополитот на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар.[2][3]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква и конак.
Црква „Свети Атанасиј“
уредиГрадбата на црквата се очекува да биде крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна и две полукружни крила на северната и јужната страна. Влезот се очекува да биде сместен на западната страна.
Галерија
уреди-
Црквата
-
Конакот
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Осветување на темели за манастир Св. Атанасиј во Ропотово, Прилеп“. Преспанско-пелагониска епархија. 10 октомври 2016.
- ↑ „Ропотово“. OldPrilep. 10 декември 2012.
Надворешни врски
уреди- Ропотовски манастир на Ризницата ?