Црква „Св. Илија“ - Рамне

црква во селото Рамне

За археолошкото наоѓалиште, видете Св. Илија (Рамне)

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Петта охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°6′33.32″N 20°50′16.54″E / 41.1092556° СГШ; 20.8379278° ИГД / 41.1092556; 20.8379278
Место Рамне
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1907
Живопис 1944
Зограф Рафаил Крстев и Крсте Рафев
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Рамне.[1]

Во рамки на црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта.

Местоположба

уреди

Црква се наоѓа над самото сретсело.

Историја

уреди

Според натписот што е сместен над влезната врата, црквата била подигната во 1907 година.[2]

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабна со галерија на кат и купола. Била изградена од кршен камен,[2] а вратата, прозорците и венецот од делкан бигор, како и апсидата, која е полукружна и со седум слепи ниши. Во средината на прозорецот е изделкан крст.[3]

Фрескоживопис

уреди

Фрескоживописот во црквата бил изработен во 1944 година од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте Рафев од селото Лазарополе.[2]

Други објекти

уреди

Во периодот од 1984-1995 година, со помош на селаните се изградени: црковна трпезарија, камбанарија и бил променет кровот на црквата.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-11.
  3. „СВЕТИ МЕСТА ВО ОХРИДСКО: Псалтир од село Рамне денес е реликвија во Болоња во Италија“. Denesen.mk. Посетено на 2019-12-11.

Надворешни врски

уреди