Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подино

црква во селото Подино

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Подино.[1] Црквата е сместена во западниот дел од селото, на возвишение кои ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба

Карта

Координати 41°13′05.2″N 21°20′30″E / 41.218111° СГШ; 21.34167° ИГД / 41.218111; 21.34167
Место Подино
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1929
Архитектонски опис

Историја

уреди

Се верува дека црквата била возобновена во 1916 година на темели на стара црква од римско време.[2]

Во дворот на црквата се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Богородица. Во дворот може да се забележат неколку мермерни сполии, и тоа: мено од мермер вградено во скалите, пред влезот на црквата има голема мермерна плоча, а една парапетна плоча лежи покрај апсидата.[3]

Црквата е изградена во 1929 година.[4]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден помошен објект чиј влез се наоѓа на јужната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во североисточниот агол од дворот на црквата. Таа има квадратна основа, изградена е од камени тули, на секоја од четирите страни има по еден правоаголен прозорец, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот во камбанаријата се наоѓа на западната страна.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Цркви“. web.archive.org. 2017-08-24. Архивирано од изворникот на 2017-08-24. Посетено на 2019-09-07.
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. Подино Архивирано на 30 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди