Коселска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА
Коселска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Охридското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Никола“ во селото Косел. Моментално, нема парохиски свештеник. Парохијата ја опслужува свештеникот Никола Кипријанов.[1]
Парохијата ги опфаќа селата: Косел, Опеница, Куратица, Плаќе, Речица, Завој, Свиништа, Вапила, Расино, Сирула и Ливоишта.
Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Никола“ | Косел | 1974-1975 | |
Црква „Св. Никола“ | Косел | XV век | |
Црква „Св. Илија“ | Косел | 1989 | |
Црква „Св. Недела“ | Косел | 1989 | |
Црква „Св. Јован Крстител“ | Косел | 1970 | |
Црква „Св. Петар и Павле“ | Косел | 2006 | |
Црква „Св. Никола“ | Опеница | 1924 | |
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ | Опеница | ||
Црква „Св. Никола“ | Куратица | 1937 | |
Црква „Св. Димитриј“ | Куратица | 1997 | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Куратица | 2001 | |
Црква „Св. Симеон Столпник“ | Куратица | ||
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Речица | 1370 | |
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ | Речица | 2000 | |
Црква „Св. Илија“ | Плаќе | 1871 | |
Црква „Св. Недела“ | Плаќе | 2000 | |
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ | Завој | 1934 | Податотека:Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - 4.jpg |
Црква „Св. Богородица“ | Завој | 2006 | |
Црква „Св. Никола“ | Свиништа | 1934 | |
Црква „Св. Никола“ | Расино | 2002 | |
Црква „Св. Никола“ | Сирула | 2005 | |
Црква „Св. Недела“ | Вапила | 1945 | |
Црква „Св. Наум Охридски“ | Ливоишта | 1970 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Коселска парохија“. Посетено на 2019-11-05.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Коселска парохија на Ризницата ?
- Страница на Дебарско-кичевската епархија
41°10′26.3″N 20°50′14.3″E / 41.173972° СГШ; 20.837306° ИГД