Црква „Св. Никола“ - Небрегово
Свети Никола – главна селска црква во селото Небрегово.[1] Сместена е на влезот од селото, непосредно по завршувањето на патот кој води од соседното село Дупјачани.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°26′58″N 21°33′37.2″E / 41.44944° СГШ; 21.560333° ИГД |
Место | Небрегово |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1882 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1882 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна, полукружно засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е прикажан Свети Никола. Храмот има и спореден влез на јужната страна, а над него исто така има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Архангел Михаил. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во јужниот ѕид од надворешната страна на црквата е вѕидана мермерна плоча со релјефна претстава на Атина и Херкул. Пред црквата се наоѓа фрагментиран столб.[3]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа. Изградена е од камен и на секоја страна има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна.
Галерија
уреди-
Главниот влез на црквата
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Влезот на камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Никола“, село Небрегово“. OldPrilep. 14 мај 2012.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Небрегово на Ризницата ?