Црква „Св. Атанасиј“ - Рамне

црква во селото Рамне

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Рамненскиот манастир во охридското село Рамне.[1]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Петта охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°6′58″N 20°50′24.5″E / 41.11611° СГШ; 20.840139° ИГД / 41.11611; 20.840139
Место Рамне
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1967
Завршено 2000
Зограф Марјан Ристески
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

уреди

Црквата е сместена под самото село Рамне во подножјето на Рамненски Лозја.[2]

Историја

уреди

Црквата е изградена на темели од постара црква, некаде во периодот од 1967-2000 година. Според натписот била изградена со помош на селаните, а мајстор бил Симон Ристески.[3]

При самото копање на темелите за новата црква биле откриени темелите на постарата средновековна црква. Во непосредна близина на црквата има остатоци на основа на ѕид од 0,80 метри, што најверојатно припаѓал на постарата црква.[2]

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабна, градена од обработен камен.[3] Денес, истата е фугирана со полукружна апсида на источната страна. Црквата привлекува внимание бидејќи големината на апсидата е скоро идентична со целокупниот простор на наосот во црквата.[2]

Фрескоживопис

уреди

Фрескоживописот во црквата бил изработен од страна на Марјан Ристески од селото Велгошти.[3]

Други објекти

уреди

Во внатрешноста на црквата има извор на лековита вода, а од нејзината југоисточна страна се наоѓа трпезарија.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „СВЕТИ МЕСТА ВО ОХРИДСКО: Псалтир од село Рамне денес е реликвија во Болоња во Италија“. Denesen.mk. Посетено на 2019-12-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-11.

Надворешни врски

уреди