Црква „Св. Троица“ - Десово
Света Троица – главна и единствена селска црква во селото Десово.[1] Сместена е на рид во средишниот дел од селото којшто ѝ дава доминантна мостоположба во однос на остатокот од селото.
Света Троица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°27′47.4″N 21°29′21.3″E / 41.463167° СГШ; 21.489250° ИГД |
Место | Десово |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Завршено | почеток на XX век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена на почетокот од XX век.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна.<ref name="црква">Влезот во храмот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со мозаик на којшто е претставено Светото Тројство. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и во горниот дел на секоја страна има по една монофора. Влезот во камбанаријата е сместена на западната страна.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Јужната и источната страна
-
Апсидата
-
Влезната врата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Црква „Света Троица“, село Десово“. OldPrilep. 26 јануари 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Десово на Ризницата ?