Црква „Воскресение Христово“ - Дедебалци
Воскресение Христово — главна селска црква во селото Дедебалци.[1] Црквата се наоѓа пред влезот во селото, од десната страна на патот кој води од селото Новаци.
Воскресение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Добрушевско-дедебалска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°06′45.6″N 21°29′04.8″E / 41.112667° СГШ; 21.484667° ИГД |
Место | Дедебалци |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Кон западниот и јужниот ѕид на црквата е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажано Исусовото воскресение, а споредниот влез е сместен на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Димитриј. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта, а има и помошен објект. Камбанаријата се издига во источниот завршеток на помошниот објект. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една бифора.
Галерија
уреди-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Источната страна
-
Северниот ѕид
-
Помошниот објект со камбанаријата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Воскресение Христово“ - Дедебалци на Ризницата ?