ОУ „Пецо Даскалот“ - Долнени
основно училиште во Македонија
Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Општинско основно училиште „Пецо Даскалот“ - Долнени; скратено: ООУ „Пецо Даскалот“) — централно основно училиште во прилепското село Долнени, Општина Долнени.[1][2]
Пецо Даскалот
| |
---|---|
Поглед на централното основно училиште „Пецо Даскалот“
| |
Место | |
Општина: | Општина Долнени |
Наречено по: | Пецо Даскалот |
Нас. место: | Долнени |
Адреса: | с. Долнени |
Местоположба | |
Основни информации | |
Број на ученици: | 76 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Пецо Даскалот.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на поштата.
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
уредиВо склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта:
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Вранче;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Сенокос;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Браилово;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Бело Поле; и
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Заполжани.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Вранче се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Образование“. македонски: Општина Долнени. Посетено на 3 февруари 2020.