Црква „Св. Никола“ - Ношпал

црква во селото Ношпал

Свети Никола — главна селска црква во селото Ношпал.[1] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Беранечка
Местоположба

Карта

Координати 41°10′45.5″N 21°27′03.7″E / 41.179306° СГШ; 21.451028° ИГД / 41.179306; 21.451028
Место Ношпал
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1865
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1865 година.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а над него има ниша со натпис на грчки јазик, додека над нишата има отвор во кој е испишана 1858 година. На западната страна над влезот има уште еден натпис на грчки јазик. Од десната страна на влезот има камен споменик. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени помошен објект, базен за верски обреди и селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 11. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди