Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клепач
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Клепач.[1] Црквата е сместена во западниот дел од селото.
Свети Архангел Михаил
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′16.9″N 21°27′26.4″E / 41.204694° СГШ; 21.457333° ИГД |
Место | Клепач |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Архитектонски опис |
Историја
уредиОд натписна плоча на помошниот објект се забележува дека црковниот трем бил осветен на 10 септември 2005 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над обата влеза има ниши со фрески. Црквата во целост е обоена во бела боја, а покриена е со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и гробен споменик. Камбанаријата се издига од десната страна по влезот во дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. Влезот е сместен од северната страна, а на секоја од четирите страни од најгорниот дел има по една монофора.
Галерија
уреди-
Црквата (во средина), помошниот објект (лево) и камбанаријата (десно)
-
Западната страна на црквата
-
Главниот влез на црквата
-
Споредниот влез на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Натписна плоча на помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 11. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клепач на Ризницата ?