Црква „Св. Илија“ - Елшани
црква во селото Елшани
Свети Илија — главна селска црква во охридското село Елшани.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Елшани.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Пештанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°1′35.5″N 20°48′51.3″E / 41.026528° СГШ; 20.814250° ИГД |
Место | Елшани |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | XV век |
Живопис | 1944 |
Зограф | Рафаил Крстов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена на возвишение, во средишниот дел на селото.
Историја
уредиБила изградена во XV век. Во 1859 година била возобновена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна. На север, запад и југ е опкружена со затворен трем. Кон црквата е додадена камбанарија со две ѕвона.[4]
Фрескоживопис
уредиЦрквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, а олтарот е фрескоживописан во 2002 година од страна на уметникот Драган Ристески.[2]
Галерија
уреди-
Портата
-
Поглед на црквата
-
Селските гробишта
-
Поставен крст во дворот
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Фреска над влезот
-
Поглед од далеку на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-06.
- ↑ „Ограбена црква во Елшани“. Ohrid News. 11 јули 2009. Посетено на 2010-05-14.
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Елшани на Ризницата ?