Средна џамија (Дебреште)
џамија во селото Дебреште
Средна џамија — џамија во селото Дебреште.[1][2] Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Средна џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°28′46.3″N 21°18′53.9″E / 41.479528° СГШ; 21.314972° ИГД | |
Место | Дебреште |
Општина | Општина Долнени |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Архитектура
уредиГрадбата на џамијата има квадратна основа и се состои од приземје и два ката. Во горниот дел од објектот има осумаголна купола која е покриена со зелен полутопчест лимен кров и на секоја нејзина страна има по еден прозорец. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа до шерефето и кружна основа над него.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Дебреште“. OldPrilep. 28 ноември 2011.
Надворешни врски
уреди- Средна џамија (Дебреште) на Ризницата ?