Црква „Св. Константин и Елена“ - Скребатно
црква во селото Скребатно
Свети Константин и Елена — понова селска црква во охридското село Скребатно.[1]
Свети Константин и Елена
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Седма охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°8′59.18″N 20°53′23.9″E / 41.1497722° СГШ; 20.889972° ИГД |
Место | Скребатно |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Константин и Елена |
Изградба | 1999 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа околу 500 метри пред познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.[2]
Во близина се наоѓа и лековита вода, на која е изградена чешма.[2]
Историја
уредиКамен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 10 септември 1999 година.[3]
Оваа црква била подигната откако на Гоце Лолески од селото му дошло на сон. На сонот, Гоце се нашол на местото каде што е црквата. На патот стоел човек со икона во рацете, кој му ја предал иконата и си заминал.[2]
Архитектура
уредиЦрквата има квадратна основа и кубе. Изградена е од делкан камен, травертин.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата не поседува никаков живопис.[2]
Галерија
уреди-
Апсидата
-
Куполата
-
Главниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Константин и Елена“ - Скребатно на Ризницата ?